Мајката на дечињата кои изгореа во пожарот во Србија, беше уапсена само неколку часа по погребот. Како што пренесуваат српските медиуми, а призна и самата таа, ги заклучила децата во соба за да оди кај љубовникот, пришто избувнал пожар, во кој за жал дечињата го загубиле животот.29-годишната Мирела по погребот била веднаш уапсена поради „предизвикување на општа опасност“.
-Ги баравме малечките прво во собата во која беше печката на која се грееја. Никаде ги немаше. Кога го кренавме креветот, под душеците најдовме тоа што остана од нив, вели извор за српскиот Блиц.
Ги оставив во креветот. Сите три. Спиеја заедно за да се загреат… Боже, зошто не ме пуштија да влезам внатре, па да завршам со своите деца.
Ова е исповедта на Мирела Микулчиќ (29), мајка на Ненад (4), Димитрија (3) и Маја (2) кои во понеделникот настрадаа во страотен пожар во нивната куќа во Велика Крсна.
Кобната вечер, пожарникарите кои дошле многу брзо не можеле да ги извлечат децата од огнот. Ги пронашле прегрнати под креветот, каде се обидела да пронајдат спас, пишува Блиц.
Мајката Мирела која ја осудува цела Велика Крсна и повеќето во Србија, вчера седела неподвижна на креветот во куќата на Љуба Терзиќ со кого е во врска повеќе од една година. Затоа и ја осудуваат, ги оставила малечките деца заклучени и заминала кај љубовникот. Иако конкретна помош за ова семејство од институциите кои треба да се грижат за вакви случаи немало.
-Се изгоре за 10 минути. А како не знам. Велат дека е од лампионите на елката. Децата виделе на реклама и ми рекоа: Мамо, сакаме и ние елка. И јас им купив. Камо среќа воопшто да не ја вклучев. И што сега. Ме праќаат на прегледи, но џабе, мене веќе никој не може да ме излечи – вели Мирела и гледа во подот.
Велат, во вторникот вечерта не плачела. А вчера солзите сами и течеле по лицето. Децата ги оставила сами бидејќи отишла кај Љубо да земе ножици за да го ишиша комшијата. Љубо со пријателот бил во комшии кога му јавиле дека гори куќата на Мирела. Веднаш ја повикал.
-Ми се јави Љубо и ми вели дека се гори. Се изгоре толку брзо. Тука имаше шпорет на дрва, греалката беше покрај нив, елката на витрината во собата во која спиеја. Дајте ми ги нивните слики да ги видам. Немам повеќе ниту една. Се изгоре со нив- и се обраќа Мирела на мајката на Љубо.
Мирела вели дека не се мачела за децата, но и дека работела и по туѓи ниви, овоштарници и машки работи.
-Не се мачев зошто за нив ништо не ми беше тешко. Да. Ги оставав заклучени бидејќи се плашев да не излезат надвор, на патот да не ги згази кола. А сега? Се борев низ животот сама, ми помагаа колку што можеа. Таткото на децата не го споменувам, не сакаше ни во раце да ги земе – раскажува Мирела.
Мирела од куќата на Љубо замина во Здравствениот дом, а наредните денови ќе остане во Младеновац. На пат кон лекарот, помина покрај куќата. Пријателите кои ја возеле не и дозволија да застане. Претходната ноќ Мирела ја помина во психијатриска болница каде и дале лекови за смирување и ја вратиле назад.
Во куќата на Љубо останала неговата мајка, која се подготвувала за слава Свети Никола.29-годишната Мирела по погребот била веднаш уапсена поради „предизвикување на општа опасност“.
-Ги баравме малечките прво во со