ИСПОВЕД НА СЕКС РАБОТНИЧКА: Работам во јавна куќа, а ова се 5 најголеми заблуди кои луѓето ги имаат во врска со оваа работа

Скоро година дена работам во јавна куќа и за тоа време научив многу. Мојата работа е мешавина од услужни дејности и исполнување на фантазии, и ја обожавам.1. Да се занимаваш со секс е гадно и лесно
Својата работа можам да ја опишам на милион начини но никогаш како лесна. Моите смени траат од 12 до 14 часа, и за тоа време преокупирана сум со своите профили на социјалните мрежи, меил адреси, закажување со клиенти, организациј на радио интервјуа, пишување онлајн текстови и одржување беспрекорна хигиена.
Исто така се среќавам со бројни гости во борделите, ги гледам на тури и се обидувам да дознаам што точно сакаат кога ја договараме цената.
И сето тоа се случува пред самиот секс, каде сум јас таа која ја извршува целата тешка работа за клиентите да уживаат и да имаат чувство дека го добиле тоа што го сакаат за своите пари.
2. Личностите кои го продаваат своето тело за пари шират болести
Во Невада, таму каде што јас работам, сите кои се занимаваат со оваа работа секоја недела имаат задолжителни тестирања за полови болести. Во системот на јавни куќи во Невада никогаш не бил пријавен ХИВ случај.
Користиме презервативи за сите наши сервиси – вклучувајќи го и оралниот секс.
Премногу сериозно го сфаќаме своето здравје. Ако нашите тела не се во совршена состојба, не можеме да плаќаме сметки, да купуваме храна и да издржуваме семејство.
Доколку го загрозиме нашето здравје или здравјето на клиентот поради една желба, тоа може да не чини репутација и работа.
3. Само морбидни и очајни типови плаќаат секс
Би се изненадиле кога би знаеле кој се доаѓа на наша врата. Забавуваме средовечни парови кои сакаат малку повеќе возбуда во животот. Почитувани деловни луѓе, адвокати, доктори и луѓе кои толку многу работат што немаат време за врска.
За многумина од нив посетата на „сексуални работнички“ е многу повеќе од самиот чин секс.
Им обезбедуваме безбедно место каде можат да се чувствуваат опуштено во врска со својата сексуалност. Клиентите можат да го симнат ѕидот и да остварат блиска врска со целосен странец и на многумина тоа им е како терапија.
Ние сме исто така и учители. На невините клиенти им покажуваме како треба да изгледа сексот и интимноста за првиот пат.
Клиентите не почитуваат и ни се восхитуваат, нежни се кон нас токму како и ние кон нив.

4. Сите кои заработуваат пари со секс ја мразат својата работа
Конфучи рекол: „Одберете работа која ја сакате и никогаш нема да работите ниту еден ден во животот“. Сме ја одбрале оваа работа бидејќи таа одговара со нашите финансиски потреби и до некое ниво на нашите духовни и сексуални потреби. Нормално, има и такви на кои ова им е само извор на приходи и во тоа нема ништо лошо.
Нашиот однос е многу интимен и личен. Ги гледаме луѓето во нивните најранливи моменти, кога се голи и ги искажуваат своите најлични желби. Тие желби можеби негде длабоко во нив лежеле скриени со години, па дури и децении.
Врските кои ги остварувам со клиентите се искрени и среќна сум кога ќе ги видам како доаѓаат насмеани и расположени.
Многу сум среќна кога ќе направам некој добро да се чувствува поради себе.
Не пијам и не се дрогирам за време на смената. Јас никогаш не се плашам да одам на работа, никогаш.
5. Нешто не е во ред со нив
„Нејзините родители сигурно се гордеат“
„Сигурно има проблеми со татко и“
„Се прашувам колку мора да биде издрогирана за да го прави ова“
Ова се коментари кои сум ги слушнала во живо или онлајн. Идејата дека мојата професија е последниот излез за луѓето со кои нешто не е во ред прави голема штета на луѓето кои се занимаваат со неа.
Ние сме човечки суштества кои ја избрале оваа професија. Станува збор за вредна и барана професија која секогаш ќе постои. 1. Да се занимаваш со секс е гадно и лесно
Својата работа можам да ја опишам на милион начини но никогаш како лесна. Моите

Пронајдете не на следниве мрежи: