Исповед на студент: Како се подготвувам за испит

Одамна студентите бараат начин како најлесно и најдобро да се подготват за испит со што помалку труд и учење. Па често ја употребуваат познатата „Никогаш повеќе нема да учам два дена пред испит, но само овој пат да положам на среќа“.
Денес јас ќе ги ви претставам краток 12 дневен курс кој е многу успешен…
„Како што реков се состои од 12 дена, но затоа што се работи за мене веднаш ќе ги отпишеме првите пет дена, бидејќи кој денес учи редовно, па изгледа не сакате да го заборавите она што сте го научиле првиот ден ? Мајка ми влегува секој половина час во соба и ме прашува дали ми е напорно и „Кога почнуваш да учиш?“ но јас и ја објаснувам мојата теорија дека ќе заборавам доколку започнам да учам толку рано, па ја повторувам познатата реченица „Верувај ми, лесно е тоа за мене, се можам кога сакам.“.
Откако ја изговорив најголемата лага , продолжувам да гледам ТВ, да сурфам на интернет, да слушам музика… Не се сомневам во мојот метод ни еден момент.  Една недела пред испитот земам книга, ја бришам прашината од неа и ја отворам…
Веднаш знам дека 70 страници дневно не е многу за некој со интелигенција како мојата. Па, добро денот има 1440 минути, од нив 140 минути (до тие 140 минути дојдов со проста формула, 2 минути за страна е сосема доволно) тоа воопшто не е изгледа многу време поминато на моето академско усовршување.
Наутро станувам и се обидувам да и се посветам на книгата. Иако станав пред час и половина, сон повторно ме фаќа и по 15 прочитани страни за тие 90 минути, се препуштам на сонот, задоволен од постигнатото, бидејќи почетокот е најтежок, сето тоа многу полесно ќе оди подоцна… Па размислувам дека има уште 6 дена до испит, не паничам… Ќе спијам, сонот е најдобар лек против секој проблем па и за учењето. Вечерта успевам да прочитам уште 30 страни за да си докажам на себе си дека сум одговорен  и дека напредокот е видлив.
Петтиот ден пред испит, сфаќам дека сите учат освен мене, и дека всушност сите нешто знаат освен мене. Цел ден им ѕвонам на колегите и ги прашувам за нивниот напредок. Дополнителна верба ми дава тоа што „вечниот студент“ успал да го положи навреме учејќи само 9 дена. Ако тој може за 9, ја сигурно можам за 5. Па започнувам да читам, прочитав уште 50 страни а сеуште не заспав. Убеден сум дека некои страни ги прочитав два пати но не сум сигурен. Сигурно тоа е причината што толку долго читам 50 страни.
Четири дена до испит: Дознавам дека има скрипта за мојот испит. Па тоа е она што ми е потребно. Па скриптите се клучни за моето академско образование. Па не одам веднаш да ја земам, затоа што денес е четврток ден за фудбал. Разлистувам  и наоѓам натпревари, па морам да заработам нешто…. Остатокот од вечерта се нервирам бидејќи за еден натпревар не успеав да земам пари…
Три дена до испит. Ја земам скриптата утрото. Одлично има 40 страни а дури е и подвлечено. Сега сум сигурен дека ќе положам. … Но петок е, денот ми поминува договарајќи се каде ќе одам вечерта. Вечерта „здраво“ се напивам. Но, сепак така пијан седнувам да учам, морам да научам 13 страни. Решавам првиот дел да го скокнам и започнувам некаде на средината…. Се будам доцна попладне, сега имам уште 48 часа до испитот. Потоа и објаснувам на мајка ми дека ми е лошо затоа што цела ноќ учев, а останав буден пиејќи кафе( никогаш не пијам кафе). Мајка ми објаснува дека сигурно за тоа ми е лошо, нормално, јас никогаш не пијам кафе, од кафето е.
Пак спијам, се будам 16 часа пред испит. Дознавам дека има интересни натпревари…цел ден ми поминува гледајќи фудбал. 
Ноќта започнувам да ја читам скриптата…. но мора да престанам сфаќам дека има уште два часа до испитот. Започнувам да се подготвувам.
Па повторно… се молам само сега да положам на среќа…
 Одамна студентите бараат начин како најлесно и најдобро да се подготват за испит со што помалку труд и учење. Па често

Пронајдете не на следниве мрежи: