Исповед на жртва на трговија со луѓе:Бев силувана 43.200 пати

„Некои мажи ми се смееја бидејќи плачев. Морав да ги затворам очите за да не гледам што ми прават и за да не чувствувам ништо”, рекла несреќната девојка.23-годишната Карла Јакинто одлучила со светот да ја сподели својата потресна приказна за тоа како била силувана 43.200 пати откако паднала во рацете на трговците. Според нејзините проценки, имала сексуални односи со 30 мажи дневно, седум дена во неделата, четири години. Нејзината исповед ја нагласува бруталната реалност на трговијата со луѓе во Мексико и САД. Ова подземје ги уништило животите на десеттина илјади девојки и жени кои имале слична судбина како Карла. Трговијата со луѓе станала распространета до тој степен што границите повеќе и да не постојат.
„Потекнувам од дисфунцкионално семејство. Сексуално ме злоставуваа и малтретираа роднини кога имав 5 години”, вели несреќната девојка.
Кога имала 12 години, трговец со луѓе ја намамил во својот автомобил на тој начин што бил фин и љубезен кон неа. Се претставил како продавач на половни автомобили и ѝ пратил колачи преку едно момче за да ја освои. Почнал да ѝ зборува дека и тој бил злоставуван кога бил мал, а цело време бил џентлмен и пријатен, тврди Карла.

 
„Кога го видов автомобилот, не можев да верувам. Бев многу импресионирана од големината на автомобилот. Тоа беше многу возбудливо за мене. Сакаше да излегувам со него по разни места”, ја објаснила девојката својата заслепеност од автомобилите и богатството. По неколку седмици, одлучила да оди со него, а потоа дошле и подароците, облеката, цвеќето, чоколадите. Сè било идеално до моментот кога забележала дека негови роднини доаѓаат секоја седмица со различна девојка. Тогаш дознала дека тие всушност ги продаваат девојките.

Неколку дена подоцна и таа добила упатство за тоа што треба да го прави, во кои позиции, колку треба да наплати, што да прави со клиентите и колку долго, како да ги третира и како да разговара со нив за да добие повеќе пари.
Оваа девојка имала 30 клиенти дневно, седум дена неделно, без слободен ден. Работела на улиците, во мотели и куќи. Денес, оваа девојка одлучила да зборува за овој проблем во современото општество на сите јавни случувања и конференции. Нејзината порака е дека трговијата со луѓе и проституцијата се случува секојдневно и дека се развива со голема брзина низ целиот свет.23-годишната Карла Јакинто одлучила со светот да ја сподели својата потресна приказна за тоа како била силувана 43.200 пати откако паднала во рацет

Пронајдете не на следниве мрежи: