Исповед за средбата со Исус: „Ме држеше за рака и рече дека се враќа на Земјата“

Приказните и сведочењата за искуствата на луѓето кои доживеале клиничка смрт се разни. Една од мајките чиј син доживеал клиничка смрт го раскажа сведочењето на својот четиригодишен син за искуството кое на сите им го променил животот.Се почнало во текот на една забава покрај базен.
– Бидејќи ги сместивме своите 5 деца, мојот сопруг и јас седнавме да јадеме. Кенеди, нашиот четиригодишен син, седеше на својот пешкир на неколку чекори од нас. Кога на пола се најадов, забележав дека Кенеди веќе не е тука. Веднаш отидов до базенот, но таму не го најдов. Го разгледав пределот околу базенот барајќи го неговиот црвен костум за капење. Не ми падна на памет да погледнам на дното на базенот. Откако прошетав наоколу никаде не можев да го најдам, а тогаш одеднаш нашиот 10-годишен син извика: Тато, тато, Кенеди беше на дното на базенот!…Слушнав како некој вика: Побарај брза помош!
Дотрчав до кај базенот и се уште ме боли срцето кога ќе помислам што видов таму. Таму на бетонот лежеше моето дете, мојот Кенеди. Беше слаб, надуван, дака што изгледаше двојно поголем, а бојата на кожата му беше болно сиво-плава. Наскоро стигна и брзата помош.
Педијатарот ме тргна на страна и ми објасни колку е сериозна целата ситуација, и дека Кенеди веројатно ќе има оштетување на мозокот, ако воопшто преживее.
Следните неколку дена беа сведени на молитва и чекање. Точно една недела по несреќата, Кенеди беше отпуштен од детската болница. Детето кое требаше да почине, или во најмала рака да има сериозни повреди на мозокот, ја напушти болницата на рамената на својот дедо.
Приказната за несреќата на Кенеди и неговото излекување само по себе е чудо. Но има и нешто повеќе од тоа.

 
Очајно посакував да знам како Кенеди дојде до дното на базенот. Зошто не внимавав на него? Чувството на вина ми ја изеде совеста.
Кога Кенеди беше во состојба повторно да збори му реков: „Долго спиеше, ми недостигаше, што направи?“ А тој ми одговори:„Ангелот ми подигна и летавме. Летавме преку ѕидовите, облаците и пролетав преку тебе мамо!“
Кога го прашав како изгледал ангелот, тој ми рече дека имал долга бела коса, дека потоа тие одлетале на небото и дека таму имало врата која била покриена со дијаманти. Ми раскажа дека кога таму ја отвориле вратата, паѓало снег.
Кенеди ми рече дека Исус го држел во раце, а таму имало многу ангели. Исто така рече дека видел вулкан.
„Имаше луѓе во вулканот, а со нив имаше и змеј. Тие беа тажни а имаше и оган околу целиот вулкан,“раскажа Кенеди вели мајката.
Додека сето ова ми го раскажуваше Кенеди, постајано го прашував дали бил исплашен.
„Не, бев со Исус и вујко Марк и стоев на стакло, бев невидлив“.
Го прашав како се вратил назад, а тој ми рече дека вујко му Марк го турнал, а со ангелот долетал назад. На крајот само го прашав дали еден ден би сакал да се врати назад на небото, а тој ми одговори:„ Да, но Исус доаѓа назад овде на Земјата…“ Се почнало во текот на една забава покрај базен.
– Бидејќи ги сместивме своите 5 деца, мојот сопруг и јас седнавме да јадеме. Кенеди, нашио

Пронајдете не на следниве мрежи: