Колку пати сте се нашле во ситуација во момент на лутина да напишете меил и да го пратите, а набрзо потоа да зажалите поради својата постапка.Добра вест е што сега Gmail има нова функција која ќе ви овозможи брзо да ги избришете испратените мејлови и тоа само со еден клик и така да спречите меилот да стигне до примателот. Новата функција е во фаза на тестирање и се уште ја немаат сите корисници.
Еве што треба да сторите:
Кликнете на иконката која изгледа како запчаник и потоа на „Settings“. Потоа скролајте надолу додека не наидете на опцијата „Labs“- се работи за таб во кој се наоѓаат експерименталните функции на Gmail. Отворете ја опцијата и потоа скролајте до опцијата „Undo Send“. Кога ќе ја пронајдете опцијата, треба да ја активирате, односно кликнете на опцијата „Enable“ и потоа на „Save“.
Откако ќе сторите се од наведеното, кога ќе го пратите меилот кој не сакате да стигне до примателот, на врвот ќе се појави опцијата која ќе ви овозможи да го поништите испратениот меил.Добра вест е што сега Gmail има нова функција која ќе ви овозможи брзо да ги избришете испратените мејлови и тоа само со еден клик и така да