четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ист народ живее во Бугарија и Македонија и имаат заедничка историја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вицепремиерот на  Бугарија, Красимир Каракачанов, во изјава за бугарската државна телевизија, БНТ1 од 28 јуни изјави дека во Бугарија и Македонија живее ист народ, кој има заедничка историја. Каракачанов рече дека и тој самиот учествувал во преговорите со Заев.
 Ако тој договор биде потпишан, по разговорите што ги водеа премиерот Борисов и новиот македонски премиер Заев, јас исто така учествував во тој процес. Јас мислам дека Бугарија направи вистински чекор во таа насока и таа политика треба да продолжи и натаму. Ако тоа се случи, секако дека тоа ќе биде отварање на односите меѓу двете држави, Бугарија и Македонија, во кои јас сум го кажувал повеќепати, живее еден ист народ, кој има заедничко минато.
Ваквите иззјави на бугарски официјални претставници во кои тие  целосно ја присвојуваат македонската  историја, јазик и култура зачестија по изјавата на Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС, каде тој рече дека македонците и бугарите се еден народ. По што уследија реакции на неверување и радост кај националистичките кругови во Софија, кои излегоа со став дека македонците немаат историја, и дека нашата историја била бугарска до 1944 година, кога Македонија  е формирана од страна на комунистите.
Ваквите тези се исклучително опасни бидејќи со нив во темел се руши македонската држава, јазик и култура, а поради големата нетранспарентност од страна на Заев кој не им кажува на македонските граѓани што договорил во Софија, се раѓа сомнеж дека Заев ја распродава државата и нејзините атрибути кај ќе стигне.
 Ако тој договор биде потпишан, по разговорите што ги водеа премиерот Борисов и новиот македонски премиер Заев, јас исто така учествував во тој проц

Поврзани вести