Истанбулскиот главен обвинител им подлегна на повредите

Истанбулскиот главен обвинител Мехмет Селим Кираз, кого терористите го држеле како заложник во судница, им подлегнал на повредите во болницата во која бил префрлен.Шефот на истанбулската полиција, Селами Алтинок, претходно изјави дека двајцата терористи смртно настрадале за време на полициската акција.
Непознатите напаѓачи претходно го земале државниот обвинител како заложник, со тоа што влегле во неговата канцеларија која се наоѓа на шестиот кат од зградата на Судот во Истанбул и го заробиле.
На местото на инцидентот дојде и полицијата, која се обидувала да ја отвори вратата од канцеларијата, но во тој момент се слушнале два истрела во канцеларијата.
Зградата беше евакуирана, а полицијата набрзо презеде максимални мерки за претпазливост и покрена акција за ослободување на заробениот обвинител.
Станува збор за обвинителот од Одделот на истанбулското обвинителство за процесуирање на службеници, кој водел истрага за смртта на Беркин Елван, момчето кое настрадало за време на инцидентот за време на протестите во истанбулскиот Гези парк, во јуни 2013 година.Шефот на истанбулската полиција, Селами Алтинок, претходно изјави дека двајцата терористи смртно настрадале за време на полициската акција.

Пронајдете не на следниве мрежи: