Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век.Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 година, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наемници, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие Албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како АРНАУТИ или АРБАНАСИ, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на Албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.Отоманскиот попис од 1467-1468 година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:Попис 1467-1468 година
Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства Вилает Пирлепе (Прилеп) 10 домаќинства Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства Нахија Мариово 1 домаќинствоНахија Манастир (Битола) 41 домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485
Првите шест албански села во МакедонијаАлбанците дошле на границите на Македонија во 1572 година. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 година.
(Френски пътеписи за Балканите, с.140).
Во 1595 година за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила.
(Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38). Според отомански документ од 1597 година, околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се населиле првите Албанци во Македонија
(Шопова, Д. Цит. съч., с. 83).
Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар.
Албанско населување во скопската област
Во отомански документ од 1595 година за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
(Шопова, Д. Цит. съч., с. 78-79)
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век.
(Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика” (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегле кон крајот на 18 век.
(Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика”, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, а тоа е крајот на 17 век.
(Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70).До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане.
(Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика”, Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија.
( J. Трифуноски, Скопско Поље, 358).
Албанско населување на Полог
Почетокот на албанското населување т.е. заземање на Полог, почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се` до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија.
(Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74)
Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум .
(Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51)
Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.
Албанците од с.Теарце биле населени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; албанците од с.Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с.Длабочица, с.Стража и с.Култино албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци (Материали (Софија), 437, 439, 446-447).
Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.
Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а во 1890 година опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои исто така останале опустени и празни.
(В. “Новини”, год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика”, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување.
(Ј. Трифуноски, Полог, 39-40).
Албанизација на Кичевија
Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 година било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ – Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле.
(Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441).
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 година. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа.
(Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 година, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, додека мажите им биле на печалба.
(Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437).
Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани.
(Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во с. Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 година. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с.Поповјани, с.Другово и с.Белица првите албанци се населиле околу 1840 година од Дебар.
Албанизацијата во струшко-дебарскиот крајИако Албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17 век, сепак до 19 век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19 век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија.
Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900 година, сведочи за поалбанчувањето на Македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле:
“Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на XIX. век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле). Македонците исчезнале во почетокот на XIX век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат.
Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на р. Дрим, кон крајот на 18 век. Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи“.
(види кај Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика”, Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра-Поградец и Струга
До 19 век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 година се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки).
Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569).
Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 година, пишува летописецот Охридски за мокренската област: „во Мокреница се` се запусти, сето имање го ограбија“.
(Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, “Македония. Етнография и статистика” (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа. Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 година запишува “арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда.
70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 година, сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село.
(D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69).
Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.
До 1870 година жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание “Albania”, 15–30 Juni 1898, p. 32).
Од оваа произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен и дека не постојат чисти етноси и нации.
Извор: Македонска нацијаСпоред отоманскиот попис на населението од 1430-1431 година, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата н