Истражувачите од Универзитетот Маноа на Хаваите, на морското дно во близина на островот Оаху, пронашле неверојатно добро сочуван американски „брод на духови“, заедно со остатоци од неколку јапонски подморници.Овој потонат брод се наоѓа на 600 метри длабочина, каде што „лежел“ скоро шест децении, со готово недопрени структури на палубата. Според британски Guardian, дури и јарболот понатаму стои исправено.
Пред да биде потопен во 1946 година, со цел подморниците на него да вежбаат испалување на торпеда – бродот бил попознат како „USS Kailua“, а пред тоа името му било „Dickenson“. Бродот го изгради компанијата „Commercial Pacific cable company“, како објект наменет за положување на подводни кабли.
За време на Втората светска војна, „Dickenson“ го користеше американската воена морнарица, а по завршувањето на конфликтот бродот веќе не ѝ бил потребен ниту на компанијата која го создала. Затоа и намерно бил потопен. Со оглед на неговиот насилен крај, истражувачите се изненадени колку е сочуван.
– Кога го здогледавме овој брод, сите бевме изненадени од тоа колку е сочуван како и од фактот дека скоро сѐ си беше на своето место – вели Џејмс Делгадо, директор на програмата за зачувување на морското налседство на Националната океанска и административна администрација.
Според податоците од истрагата на сонарот, која ја изврши Лабораторијата за подводни истражувања од универзитетот, помеѓу остатоците се наоѓа и минијатурна јапонска подморница која беше уништена на самиот почеток од нападот на Перл Харбор, како и две огромни подморници кои јапонската војска ги користела како носачи на авиони.Овој потонат брод се наоѓа на 600 метри длабочина, каде што „лежел“ скоро шест децении, со готово недопрени структури на палубата. Спор



