Италијанците биле шпионирани не само од американските тајни служби, туку и од британските, тврди британскиот новинар Глен Гринволд во интервју за италијанскиот неделник „Еспресо“.„Италија не беше само на мета на системот Призма, создаден од американските служби за електронско следење. Со слична програма, наречена „Темпора“, британските служби ги шпионираа оптичките кабли, кои ги пренесуваа телефонските разговори, и-мејловите и Интернет сообраќајот во Италија“, рече британскиот новинар.
Кај Гринволд се наоѓаат документите, кои му ги доверил Едвард Сноуден, поранешен службеник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), за американското електронско шпионирање.
Според новинарот, важните информации, собрани од Британците, потоа биле разменети со Агенцијата за национална безбедност.„Италија не беше само на мета на системот Призма, создаден од американските служби за електронско следење. Со слична програма, наречена &bdqu