Италијанската компанија Монтанте ќе почне да гради фабрика во Бунарџик

Италијанската компанија Монтанте која произведува механички делови влегува во Македонија. Во првата фаза, ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 100 лица.По средбата со премиерот Никола Груевски, денеска беше потпишан договорот за реализација на инвестицијата.
Претседателот на компанијата Антонио Монтанте, истакна дека се одлучиле да ја комплетираат оваа инвестиција, не толку заради државната помош, туку поради вниманието на државата кое се дава на фирмите кои инвестираат тука.
-Ние бевме на чекор за правење на инвестиција во една друга држава, но благодарение на Дирекцијата и локацијата која ни ја понуди, нѐ убедија да дојдеме тука и нашата инвестиција да ја направиме во Македонија, рече Монтанте.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, потенцираше дека компанијата во Македонија ќе функционира под името „Јуроп Шок Апзорберс“.
-Некаде во рамките на месец јануари се очекува со започнување со градежните активности, кои треба да завршат некаде кон крајот на мај или почетокот на јуни идната година. Истовремено ќе се започне и со обуката на вработените во оваа прва фаза.
Капацитетите на италијанската компанија ќе бидат во ТИРЗ-Скопје 1, а ќе се простира на 49 илјади метри квадратни.По средбата со премиерот Никола Груевски, денеска беше потпишан договорот за реализација на инвестицијата.
Претседателот на компанијата Ант

Пронајдете не на следниве мрежи: