четврток, 12 ноември 2026
Најново

Италијанската влада му враќа 40 млрд. евра долг на приватниот сектор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Италијанската влада одлучи во наредните 12 месеци да исплати 40 милијарди евра долг на приватниот сектор со тоа што ќе го почитува ограничувањето на буџетскиот дефицит што го налага Европската унија.Италијанската влада одобри уредба која треба да им осигура ликвидност на приватните компани и да помогне во решавањето на длабоката рецесија во Италија.Вршителот должност на премиер, Марио Монти по седницата на владата изјави дека доцнењето на исплатата на долгот кон компаниите кои работеле за државата е „неприфатлива состојба која долго време била прифатена“, пренесе Reuters.Монти истакна дека италијанската влада останува доследна во почитувањето на ограничувањето на ЕУ за фискалниот дефицит од три отсто од БДП.„Економската политика не го менува правецот и не го делиме мислењето дела за заживување на економијата е потребно да се зголеми јавниот долг“, изјави Монти.
МакфаксИталијанската влада одлучи во наредните 12 месеци да исплати 40 милијарди евра долг на приватниот сектор со тоа што ќе

Поврзани вести