Итен состанок на партијата на Села: Ја разгледуваме можноста да не учествуваме во Владата со ДУИ и СДС

Алијансата за Албанците на Зијадин Села, доцна вечерва (28 мај) ќе одлучува за тоа дали ќе биде дел од владата, а раководството на партијата најверојатно ќе гласа против, пренесува агенцијата „ИНА“, како што се додава поради ДУИ, пренесува Инфомакс.Неофицијално, ИНА (Илирија њуз) додава дека истакнувањето на министри од страна на ДУИ се недоволно квалитетни и кредибилни, а за тоа можеле да сведочат и нивните досегашни „професионални“ кариери.
„Ќе ја разгледаме можноста да не сме дел од владата. Ова го предложи нашиот лидер. Секако, за реформска влада треба и нови луѓе, што пак се докажува од страна на ДУИ дека кадар од таков калибар нема. Тие имаат два или три предлози кои досега биле на истите позиции и немаат никакви резултати“ – пренесува ИНА, како што додаваат од висок член на партијата на Села.
Дополнително, од партијата на Села се фрустрирани поради обидите на Али Ахмети да манипулира со имиња од Алијансата за Албанците, нудејќи му на Заев кадровски решенија во пакет, без притоа да се консултира со нив.
„Тој исто така истакна имиња кои нашиот лидер ги преговараше со мандаторот. Тој нема право да зборува во наше име. Ако тој има такво право тогаш ние имаме право да именуваме министри од СДС. Сеуште имаме да преговараме со СДСМ, и сеуште немаме финализирано ништо, додека ДУИ брза да ги подели местата“ – додаваат од Алијансата за Албанците за ИНА.
Претходно, Али Ахмети назначи двајца команданти на терористичката УЧК за заменик-премиер и министер.
Се работи за Хазби Лика, командант на 112 бригада на УЧК и заговорник на масакрот кај Вејце и затворањето на резервоарот за вода во Куманово, и Садула Дураку обвинет исто така за злосторства против човештвото како терорист, кој резбаше по грбовите на Мавровските работници со нож.Неофицијално, ИНА (Илирија њуз) додава дека истакнувањето на министри од страна на ДУИ се недоволно квалитетни и кредибилни, а за тоа можеле да све

Пронајдете не на следниве мрежи: