Заврши огласот за вработување во Итната медицинска помош во Штип. Двајца кандидати се пријавија на огласот кој предвидува вработување на еден лекар по општа медицина, истакна директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип, Валентина Варадинова-Везенкова.Селекцијата ќе биде направена, но откако кандидатите денеска и во среда ќе полагаат англиски јазик и стручен испит.
– Со вработувањето на новиот лекар во Итната медицинска помош ќе функционираат 12 екипи со што на пациентите од Штип и Карбинци ќе им се овозможи 24-часовна здравствена заштита. Согласно законот, односно според бројот на жители во овие две општини за нормално одвивање на работата на Итната медицинска помош потребни се минимум два до три тима во смена, рече Варадинова-Везенкова.
Таа истакна дека екипирањето на тимовите, долги години беше проблем со кој се соочуваше Штипската брза помош. Поради заминување на двајца лекари во странство во истиот период минатата година оваа служба работеше со само пет тима.Селекцијата ќе биде направена, но откако кандидатите денеска и во среда ќе полагаат англиски јазик и стручен испит.
– Со вработувањет