четврток, 12 ноември 2026
Најново

Иван Франгов го обвини Сугаревски за блокада на изградбата на водоснабдителен систем во Гевгелија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска на прес-конференција го обвини министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски дека донел одлука да се блокира изградбата на новиот водоснабдителен систем во општина Гевгелија.Оваа негова одлука, истакна Франгов, е донесена само еден ден по посетата на ревизорите и претставниците на ЕУ и Светската банка во Гевгелија кои констатираа дека изградбата на новиот водоснабдителен систем за снабдување со поквалитетна вода за пиење, што го финансираат тие, се одвива според планот.
Сугаревски, рече Франгов, одлучил да ја блокира изградбата на проектот со инвестициона вредност од околу 1,8 милиони евра само поради, како што образложува тој во одлуката „битни пропусти и недостатоци“.
– Навистина несфатливо е за какви пропусти се работи кога тендерската документација е подготвена и одобрена од страна на доделувачот на грантот, Европската инвестициска банка, а објавена од Министерството за транспорт и врски, рече Франгов. Тој нагласи дека со овој непромислен потег на Сугаревски се доведува во прашање динамиката за реализација на проектот и почитување на договорените обврски од кои последиците ќе бидат несогледиви.Оваа негова одлука, истакна Франгов, е донесена само еден ден по посетата на ревизорите и претставниците на ЕУ и Светската банка во Гевгелија кои к

Поврзани вести