Иванов до Ристовски: Сте се загрижиле дека протекле ПИМ мерките, меѓутоа вие како заменик министер треба да бидете загрижени и која е нивната содржина

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМЕН Иван Иванов на денешната седница на која се расправваше за разрешување на досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски му реплицираше на заменик министер за правда Оливер Ристовски.– Вие кажавте виц дека  Владата предводена  од Зоран Заев пред себе ја постави задачата за враќање на довербата во правната држава и владеењето на правото и со тоа еднаквоста на сите граѓани пред правдата. Мене ме интересира дали ова сериозно го мислите или мислите дека ова е аудиција за најсмешни видео инсерти? Почитуван  заменик министер дали вие знаете кој е сега е премиер во вашата Влада?
Пратекикот Иванов го праша заменик  министерот дали знае кој е премиер и дека истиот тој е аболициран криминалец. Тој, исто така појасни дека аболиција е прифаќање на вината, со што понатаму не сака својата  невиност  да ја докажу пред  суд.
Иванов ги негираше обвинувањата дека Специјалното јавно обвинителство било создадено поради несовесно вршење на својата функција од страна на јавното обвинителство.
Тој истакна дека СЈО е создадено во согласност со  4 те партии меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се докаже дека владата на ВМРО-ДПМНЕ  нема направено никаков криминал, односно доколку има да се поведе постапка пред суд. Дали ги видовте случаите кои што СЈО ги поднесе за 18 месеци работа. Дали е тоа криминалот, дали се таму петте милијарди евра, кој што премиерот Заев велеше дека се украдени.
Сте се загрижиле дека протекле ПИМ  мерките. Меѓутоа вие како заменик министер треба да бидете загрижени и која е нивната содржина. Во едниот случај, сличајот Пуч гледаме као сегашниот премиер бара со уцена да влезе во владата. А во вториот случај гледаме као се бара мито од  200 илјади евра и и уште ги наведува луѓето кои на таков начин дошле до функција”, му појасни пратеникот Иванов на заменик министерот за правда Ристовски.
– Вие кажавте виц дека  Владата предводена  од Зоран Заев пред себе ја постави задачата за враќање на довербата во правната држава

Пронајдете не на следниве мрежи: