Иванов ги прими учесниците на овогодинешните Струшки вечери на поезијата

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во „Вила Билјана” во Охрид, ја прими канадската поетеса Маргарет Елинор Атвуд, и организаторите на 55. издание на Струшките вечери на поезијата.Претседателот Иванов, соопшти неговиот Кабинет, на годинешниот лауреат Маргарет Елинор Атвуд и го честиташе признанието „Златен венец”, како една од најпрестижните светски награди, но и како признание за нејзината целокупна поетска дејност.
На приемот македонскиот претседател упатил честитки за успешната организација на оваа поетска манифестација и изразил очекување дека тоа ќе продолжи и во иднина, истакнувајќи дека Струшките вечери на поезијата имаат особено значење за презентација на македонското и светското поетско творештво, и за збогатувањето на македонската култура и за севкупната афирмација на Република Македонија во светот
Годинешното 55-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ се одржа од 24 до 29 август, а на него учествуваа 32 поети од 30 земји.
Во 2011 година, претседателот Иванов ја одликуваше манифестацијата „Струшки вечери на поезијата” со Орден за заслуги за Република Македонија.Претседателот Иванов, соопшти неговиот Кабинет, на годинешниот лауреат Маргарет Елинор Атвуд и го честиташе признанието „Златен венец”, како

Пронајдете не на следниве мрежи: