четврток, 12 ноември 2026
Најново

Иванов ќе ги одликува ракометарите на Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на РК Вардар ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.Свечената церемонија на врачување на одликувањата ќе се одржи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, по завршувањето на организираниот пречек на ракометарите на Вардар на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Одликувањата за ракометарите и признанието за ракометниот клуб Вардар од претседателот Иванов се доделува по триумфот на РК Вардар во Лигата на шампионите. Република Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа што претставува континентален првак. Ракометниот клуб „Вардар“ е европски првак во Лигата на шампиони, откако во финалето што се одигра во Келн ја совлада екипата на Парис Сен Жермен.Свечената церемонија на врачување на одликувањата ќе се одржи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, по за

Поврзани вести