четврток, 12 ноември 2026
Најново

Иванов ќе се обрати на Самитот за поддршка на Сирија и регионот во Лондон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе има обраќање на Самитот за поддршка на Сирија и регионот, што денеска се одржува во Лондон, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.Целта на самитот на шефови на држави и влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија, како и поддршка на државите кои се особено погодени од бранот на бегалци и се крајна цел на бегалците. Се очекува учесниците на самитот да постигнат согласност со цел помош на цивилното население во Сирија, да се изнајдат економски можности за обезбедување работни места за бегалците, како и еднаков пристап до образовниот систем за децата – бегалци. Крајната цел, според најавата на организаторите, е да се намали приливот на бегалци кон европските земји.
Домаќин на конференцијата е премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон во заедничка соработка со емирот на Државата Кувајт, Ал-ахмад Ал Јабер Ал-Сабах, канцеларот на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, премиерот на Кралството Норвешка, Ерна Солберг и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
На самитот е најавено учество на лидерите на повеќе од 70 држави од светот, претставници на ОН, меѓународни и регионални организации и од невладиниот и од приватниот сектор.Целта на самитот на шефови на држави и влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија, како и под

Поврзани вести