Иванов: Можев да седам настрана, пасивно да гледам и да си го чувам рејтингот

Од првиот ден кога влегов во кабинетот важен ми бил државниот интерес, поаѓав од државниот интерес и сега. Сум можел пасивно да гледам се, да бидам настрана и да го чувам тој рејтинг кој ниту еден политичар во историја на независна Македонија не го достигнал до сега, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој денес има заедничко интервју со главните уредници на телевизиите.-Ризикував се за да најдеме излез од оваа криза која толку многу не оптоварува и доведе до такви поделби, до таква состојба во државата да се е на некој начин замрзнато. Сите бизниси се стопирани, сите инвеститори се двоумат дали да дојдат, веќе во семејствата се создадоа нетрпеливост и кавги. Сето ова еден ден мора да заврши, а ќе заврши ако го почитуваме Уставот и институциите и наоѓаме решение за се преку дијалог и начин кој доликува на земја која е кандидат и за Европска унија и земја која ги исполнува сите стандарди и за во НАТО, рече Иванов.
Загриженоста на меѓународната заедница, според Иванов, е затоа што претендираме да бидеме членка на ЕУ и на НАТО.
-Таа нивна загриженост ја искажуваат со право, меѓутоа одлуките што се однесуваат за нашата држава сами ги носиме и ја сносиме одговорноста за нив, додаде претседателот на РМ.-Ризикував се за да најдеме излез од оваа криза која толку многу не оптоварува и доведе до такви поделби, до таква состојба во државата да се е на

Пронајдете не на следниве мрежи: