Иванов остро порача: НАТО и ЕУ се школски пример за тоа „како не треба“, а името Македонија не го даваме!

Македонија е школски пример за неуспешноста и на ЕУ и на НАТО. Македонија е школски пример како не треба да се однесува ниту НАТО, ниту ЕУ кон земја кандидат. Станавме колекционери. Имаме 17 акциони планови за членство во НАТО, за во Гинис, зашто нема ниту една земја чија армија е повеќе е проверувана од македонската армија, истакна претседателот Ѓорге Иванов, на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“, што во се одржа синоќа во Сараево, пренесе Инфомакс.Говорејќи за односот на ЕУ кон Македонија, Иванов рече дека досега имаме седум препораки за почеток на преговори, а нула промена. Стоиме во место. Зошто? Затоа што судбина ни било да имаме сосед со кој не може да излезе на крај ниту целата Европска Унија, ниту целиот свет. Се вика Грција. А сакаат ние со нив да излеземе на крај, да најдеме решение за нешто што е наш идентитет и наша посебност, да менуваме име, идентитет, јазик, топоними.
„Кој ќе каже дека Т’га за југ не е македонски бренд, кој ќе каже дека музика од Македонија не е македонска музика, дека ајварот не е македонски продукт. Сакате сето тоа да ни го земете. Не го даваме. Ние го споделуваме и даваме да го користите како нешто што е придобивка на сите генерации пред нас и да го сочуваме за генерациите после нас“, изјави тој.
На присутните им посака „добредојде во реалниот 21 век“ и додаде дека властите во Грција се заостанати во 20 век и тврдат дека Македонија сака со два хеликоптера да ја „окупира“ Грција.
Иванов зборуваше и за мигрантската криза.
“Додека Брисел мислеше што да преземе, решивме да прогласиме вонредна состојба, да испратиме војска на границата и да го регулираме миграцискиот поток. Кризата беше шанса за соработка меѓу сите земји од западниот балкански коридор. Тоа беше позитивен пример како треба да се справуваме со такви предизвици “, изјави тој.
Говорејќи за односот на ЕУ кон Македонија, Иванов рече дека досега имаме седум препораки за почеток на преговори, а нула промена. Стоиме во место.

Пронајдете не на следниве мрежи: