Иванов: Побарав од Заев гаранции дека нема да го загрози суверенитетот и уставниот поредок, дадените гаранции не беа испочитувани

По денешното изгласување на Законот за употреба на јазиците, со свое обраќање во јавноста излезе и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.Тој истакна дека во периодот на доделувањето на мандатот на сегашниот премиер, во неколку наврати јасно и јавно укажал дека прашањето на употреба на албанскиот јазик не смее да го загрози уставното уредување на Република Македонија.
-Од тие причини, од тогашниот мандатар, а сегашен премиер, побарав да добијам писмени гаранции дека новата коалициска влада, со своите политички мотивирани потези, нема да го загрози суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија. Гаранциите беа дадени, но не беа испочитувани. Законот за употреба на јазиците, на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите. Во услови на блокада на институциите, голема е веројатноста да се отвори прашањето за редефинирање на нашето уставно уредување. Законот за употреба на јазиците е неправеден и репресивен закон, кој фаворизира само еден јазик. Ваков закон ќе ги продлабочи меѓуетничките тензии и претставува закана по меѓуетничкиот соживот, вели македонскиот претседател.Тој истакна дека во периодот на доделувањето на мандатот на сегашниот премиер, во неколку наврати јасно и јавно укажал дека прашањето на употреба н

Пронајдете не на следниве мрежи: