Иванов повика на помирување и сплотеност околу државните интереси

Во обраќањето на свечената академија по повод 8 Септември, претседателот Ѓорге Иванов повика на помирување и сплотеност околу државните интереси, порачувајќи дека иднината на државата зависи од секој нејзин граѓанин.– Минатата година, на ден Илинден, од херојско Крушево зборував за македонските манифести. А манифестите се повик за воспоставување  завет меѓу нас. Завет да си веруваме, да се почитуваме исплотени да ја градиме државата. Завет заедно да го испишуваме македонското поглавје од светската историја. А секој завет е воедно и гаранција меѓу оние кои стапиле во него и подразбира заемна одговорност, рече Иванов, додавајќи дека на  на Република Македонија и остануваат уште многу празни, неиспишани страници што ќе треба да ги пополнуваат идните генерации.
Затоа, рече тој, не смееме да дозволиме горчината на нашата генерација да им ја пренесеме на наредните генерации.
– Тие ќе живеат во свет со уште поголемо забрзување, со уште поголема динамика. Свет во кој ќе треба да се вклучуваат во разните процеси, да се натпреваруваат на глобалните пазари. Во такви услови, ним ќе им треба место за потпора, парче земја каде ќе бидат свои на своето, каде ќе можат, во секое време да се самоостварат. А тоа парче е Македонија, потенцираше Иванов, додавајќи дека „за да го направиме тоа, ние мора да си простиме и да се сплотиме околу државните интереси на Република Македонија“.
Порача на идните поколенија да им оставиме држава во која ќе бидат слободни и во која со голема радост ќе чекаат и прославуваат уште многу јубилеји, родендени на независноста на Република Македонија.
– Иднината на Република Македонија зависи од секој еден од нас, од секој еден од вас. Од тоа дали кон вашите права ќе ги придодадете и вашите обврски кон Македонија. Од тоа дали ќе преземете лична одговорност за секој ваш чекор, за секоја ваша животна одлука. Од тоа дали ќе го почитувате и прифаќате вашиот сосед, со сета негова етничка, религиска, социјална и идеолошка различност, онака како што не поучуваат врвните и вечни морални начела и вредности, истакна претседателот Иванов во обраќањето на свечената академија по повод 25-години независност на Република Македонија.– Минатата година, на ден Илинден, од херојско Крушево зборував за македонските манифести. А манифестите се повик за воспоставување &nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: