четврток, 12 ноември 2026
Најново

Иванов: Со политичкиот реваншизам се внесува страв и несигурност што доведува до тензии и политичка дестабилизација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва истакна дека до него секојдневно пристигнувале информации и загрижен е за политичкиот реваншизам што е видлив, како што рече, на повеќе нивоа.-Со ова се внесува страв и несигурност што доведува до состојби на тензии и политичка дестабилизација. Во услови кога нè очекува исполнување на многу преземени обврски за консолидација на општеството, како и на патот на европската и евроатланската интеграција, целата енергија треба да е фокусирана кон градење консензус за национален дијалог и исполнување на реформите. Со реваншизам и демонстрација на сила се генерализира поларизација на опшштетството, состојба во која не можеме да очекуваме напредок во реформските процеси. Повикувам на разумно и одговорсо однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија. секој е одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми, граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните, истакна Иванов.
Тој нагласи дека нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскиот судир.
-Секогаш кога сме биде поделени други не окупирале, раселувале, преименувале и однародувале, заклучи претседателот Иванов.-Со ова се внесува страв и несигурност што доведува до состојби на тензии и политичка дестабилизација. Во услови кога нè очекува исполнување

Поврзани вести