четврток, 12 ноември 2026
Најново

Иванов упати честитка до српската заедница во Македонија по повод Свети Сава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов по повод празникот Свети Сава упати честитка до претставниците на српската заедница во Република Македонија.-Дозволете ми, во мое име и во името на сите граѓани во Република Македонија, да ви го честитам големиот празник Свети Сава. На 27 јануари српската заедница во Република Македонија го слави денот посветен на Свети Сава – српски светец, просветител и државник.
Одбележувањето на денот на првиот српски архиепископ значи почитување на неговото дело и на неговата мисла, како трајни вредности кои ги надминуваат етничките рамки, давајќи пример за сите кои живеат на овие простори. Неговото дело и учење нèобединуваат во заложбата за создавање подобра иднина. Јакнејќи ги економските и културните односи меѓу двете земји создадовме отворена и постојана политичка поддршка која влијае на приклучувањето на нашите држави во големото европско семејство на народи.
Убеден сум дека двете заедници, македонската заедница во Република Србија и српската заедница во Република Македонија, се повеќе од мост на поврзување. Меѓусебната доверба, меѓусебната соработка и разбирање се темелат врз почитување и врз негување на традициите на сите граѓани преку развивање и промовирање на етничкото, јазичното и културното наследство. Наша цел и во иднина ќе биде да градиме мостови на пријателства меѓу двете земји, притоа градејќи ги иднината и просперитетот на нашиот регион. За многу години празникот., стои во четитката од претседателот Ѓорге Иванов.-Дозволете ми, во мое име и во името на сите граѓани во Република Македонија, да ви го честитам големиот празник Свети Сава. На 27 јануари срп

Поврзани вести