Иванова наградена за напаѓањето и влечењето полицајци

Без никакви квалификации, класичен партиски војник и човек од доверба на Заев, Цветанка Иванова помина како предлог на СДСМ за нов генерален секретар на Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата вчера го усвои предлогот.Иванова е по потекло од Струмица, од каде и беше пратеник. Иванова на струмичани, но и на пошироката јавност и е позната по бизнис врските со кланот Заеви и како чест добитник на тендерите во општина Струмица.
Имено, фирмата „Дикор“ која е во сопственост на синот на пратеничката Цветанка Иванова, Зоран Иванов и нејзиниот сопруг Констадин Дине Иванов е редовно ангажирана како подизведувач за асфалтирање на улици во Општина Струмица.
Медиумите во 2010 година пишуваа и дека, синот на Цветанка Иванова, Зоран Иванов, како близок бизнис пајташ на Зоран Заев преку фирмата „Омни Градба“ градел и станбено ексклузивен комплекс во близина на семејната куќа на семејството Иванови.
Цветанка Иванова во јавноста остана запаметена по случајот кога во 2010 година физички ги нападна полициските службеници кои беа дел од обезбедувањето во Собранието во Република Македонија.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија вчера предложи постапката да за избор на Генерален секретар да биде преку јавен оглас.

Стевананџија овој предлог го образложи со фактот дека на тој начин ќе се обезбеди поголема отвореност на Собранието и ќе биде одлична можност да се избере кандидат кој што ќе биде вреднуван според своите квалитети, а не партиско решение на СДСМ.
-Сметам дека на овој начин ќе се одбере Генерален секретар кој што одлично и без партиски притисоци ќе ја работи својата работа во Собранието. Токму затоа во критериумите за избор на Генерален секретар ќе стои да не биде член на органи или тела на било која партија и тоа во изминатите 5 години, потоа да има најмалку десетгодишно работно искуство, да има познавање на најмалку еден од официјалните јазици на Европската Унија, да има објавено научни и стручнни трудови, нагласи Стевананџија.
На овој предлог се спротистави владеачкото мнозинство предводено од СДСМ со што овој предлог не беше усвоен.
Во продолжение Стевананџија нагласи дека ова е уште еден доказ за пагазувањето на сите ветувања што СДСМ ги даваше пред изборите дека ќе работи транспарентно односно ќе ангажира експерти и професионалци, а не партиски кадри.Иванова е по потекло од Струмица, од каде и беше пратеник. Иванова на струмичани, но и на пошироката јавност и е позната по бизнис врските со клано

Пронајдете не на следниве мрежи: