Избегната нуклеарна војна поради Македонија

Дали ние и нашата Македонија сме проколнати што живееме токму на оваа географска локација? Едно ваква прашање би разгневило многумина, би го нарекле дефетистичко размислување од кое нема полза. Но, мора да размислиме за тоа – гледајќи ја историјата, да ја сфатиме денешницата – дали и спорот за името, проблем кој денес го определува нашето живеење, е токму поради местото каде што живееме под ова сонце?Ова мачно прашање ни се наметна за анализа по последните декласифицирани документи објавени во август годинава од Националната безбедносна агенција (американската УДБ), поточно од нејзината претходничка во периодот по Втората светска војна, Централна разузнавачка служба (ЦСС). Под наслов „Избегнувајќи го Армагедон: третата светска војна што ја избегнавме во 1950 година“, американските разузнавачи тврдат дека судирот меѓу Тито и Сталин, кој ескалираше со познатото Титово „не“ во 1948 година, настанал поради поддршката што маршалот им ја дал на грчките комунисти, поточно на егејските Македонци во Граѓанската војна во Грција! Сосема пои- накво објаснување на тие настани од она што ние го знаеме. Она што за нас е најбитно во оваа анализа е повторувањето на историјата. Повторно Македонија е жртва во корист на европскиот мир.
Тито за Македонците или за нова балканска империја?
Што е напишано во документот на НСА? Тој е напишан на 11 страници и се вели дека настаните околу Граѓанската војна во Грција го довеле светот на работ на нуклеарна војна. Имено, Тито, по избива- њето на Граѓанската војна во Грција меѓу монархистите на Георгиос
Папандреу (татко на Андреас Папандреу, грчкиот премиер во 90-тите години на 20 век кога експлодира национал-шовинизмот кон Македонија и воведе комплетно ембарго на јужната граница, и дедо на Јоргос Папандреу довчерашниот грчки премиер кој се среќаваше со Груевски) поддржани од САД и Велика Британија и грчките комунисти, ја отворил т.н. грчка линија. Со други зборови, Тито од средината на 1947 година ги помагал партизаните во Грција со храна и со оружје, а испратил и 10.000 југословенски доброволци (условно кажано, во документот на НСА има сомнеж дека станува збор за југос- ловенски војници).
Дали Тито со тоа сакал да им помогне на егејските Македонци да се обединат со Вардарска Македонија, тогашна Народна Република Македонија? На таквите заклучоци на американските разузнавачи се спротивставува фактот што на крајот од Втората светска војна Тито наредил македонските партизани да тргнат на Сремскиот фронт на- место на Солунскиот, како што сакале тие. Некои од нив беа дури стрелани во Скопје бидејќи одбивале да ја извршат наредбата, на други им било земено оружјето додека спиеле по скопските касарни.

Маршалот преку „грчката линија“ сакал да им компензира на Македонците? Или, пак, бил со намера од Југославија да создаде нова балканска империја. Оваа претпоставка се наметнува од фактот дека ако во Граѓанската војна во Грција победеле комунистите, тоа не би значело само обединување на две од трите Македонии, туку контрола врз цела Грција. Тоа значи контрола и на најважната балканска рута од Грција до Словенија, контрола на Егејско Море и стратегиско влијание врз мошне значајното Средоземно Море. Позицијата на Ју- гославија во овој случај би била исклучително силна, таа би станала регионална сила, па и една од најсилните држави во Европа!
Можеби никогаш нема да дознаеме кои биле вистинските намери на маршалот, но, како и да е, Сталин бил многу гневен поради тоа. Според документите на НСА, тој му напишал писмо на Тито да се разбуди од „револуционерниот занес“ (така го опишал однесувањето на Тито) и да ја прекине „грчката линија“ бидејќи тоа не било во согласност со договорите од Јалта и од Потсдам, но и поради тоа што ќе се соочел со САД -најмоќната држава во светот.
Меѓутоа, Тито го игнорирал Сталин. Поради тоа, советскиот диктатор бил бесен до небо, па дури почнал, како што се наведува во доку- ментот, подготовки за напад на Југославија. Нападот требало да биде извршен со истовремен упад на романската, унгарската и бугарската армија (земји кои подоцна ќе станат членки на Варшавскиот договор). Ова неизбежно ќе водело до интервенција на САД, кои на Тито веќе му ветиле економска помош – со други зборови светот бил блиску до нуклеарна војна слично како за време на кубанската криза. По судирот на Тито со Сталин, САД веќе ја гледале Југославија како ид- на членка на НАТО, заедно со Грција, Турција и со Шпанија.
Дека Сталин, навистина, мислел да ја нападне Југославија потврдува и неговиот наследник на тронот, Ѓорѓија Маленков (за неговото дело опширно пишувавме во бројот од 22 март годинава). Колку за потсетување, Маленков, кој во еден дел од својот мандат како советски премиер владеел заедно со Никита Хрушчов, при една средба со Тито во Југославија го предупредил дека Хрушчов планира да ја спроведе идејата на Сталин, т.е. да ја нападне Југославија. Маленков ефективно ја спасил Југославија бидејќи Тито веднаш побарал помош од САД. Во 1953 година, со американско спонзорство, е склучен Бал- канскиот пакт меѓу Југославија, Грција и Турција.

 Епилог на судирот
Во секој случај, Македонија останува поделена на истите граници од 1913 година. Сталин го исклучил Тито од друштвото на комунистичките држави со познатата Резолуција на Информбиро и го прогласил за американски шпион. Воедно, почнал хајка против сите симпатизери на Тито во комунистичките држави. Тито, од друга страна, ја пре- кинал „грчката линија“ во 1948 година оставајќи ги Македонците и грчките партизани на цедило. Маршалот, исто како Сталин, почнал чистка на симпатизерите на Сталин во Југославија за што го форми- рал злогласниот Голи Оток.
Во Грција продолжила војната сѐ до 1949 година. Таа година Демо- кратската армија на Грција ги имала под своја контрола само пла- нинските реони во западните и во југозападните делови во Егејска Македонија. Наоѓајќи се во тешка положба, под влијание на Никос Захараијадис, Комунистичката партија на Грција се обидела под паролата „Обединета Македонија“ да придобие што поголем број Македонци во редовите на ДАГ. Меѓутоа, левичарското движење се наоѓало пред катастрофален пораз. Кон крајот на Граѓанската војна доаѓа до битките кај Вичо и Грамос, во кои била поразена ДАГ, а левичар- ските раководители и остатоците од нејзините сили биле принудени да се повлечат на територијата на Албанија, со што завршила Грчката граѓанска војна.
Во текот на оваа војна загинале 51.000 членови на ДАГ, од нив 21.000 биле Македонци. Во периодот меѓу 1945 и 1949 година грч ките владини сили стрелале околу 6.000 Македонци и Грци, а околу 40.000 грчки граѓани, меѓу кои и голем број Македонци, биле интернирани на грчките острови. Околу 90.000 Македонци и Грци биле принудени да емигрираат поради владината репресивна политика. Околу 50.000 Македонци емигрирале во Југославија, а околу 20.000
Македонци се населиле во Советскиот Сојуз и источноевропските комунистички држави.

 1913, 1919, 1945, 1949, 1990 година… што може да научиме?
 Сега да се вратиме на Македонија и на мрачното прашање од почетокот на оваа анализа – дали постои македонското проклетство. Дали живееме на место кое ни гарантира постојана мизерија, блокади и војни?
Минатото не може да се смени, но од него може да се научи. Ако во 1913 година големите европски сили не можеа да се договорат чија ќе биде Македонија, па на нивните принцови, поставени како монарси на балканските земји, им наредија да ја делат, ако истото се случи за време на Версајската мировна конференција во 1919 година, сега гледаме дека истата ситуација се случила и во 1945 година – и покрај сите борби и жртви на македонските родољупци. Нашите предци жестоко се бореле за слободата на Македонија, на целата Македонија, но можеби никој не може да биде толку силен да се бо- ри против целиот свет.
Овој историски пресек може да ни даде солидна претпоставка и за спорот за името. Ако борбата на големите околу Македонија секогаш била толку брутална, реално може да заклучиме дека зад таканаречениот спор за името повторно стои одреден судир на големите сили.
Повторно Македонија е ставена во ситуација да страда (нашата гене- рација страда најмалку во однос на претходните) сѐ додека не се до несе конечно решение, поточно додека големите не се договорат.
 Но, што правиме со фактот што тие договори, без исклучок, досега беа на штета на Македонија? Можеме ли да научиме нешто од минатото, да направиме нова стратегија? Каква и да е таа, мора да биде оригинална, единствена за проблем кој го нема никој друг во светот.
Историјата нѐ учи уште една работа.
 Таа стратегија никој нема да ја направи за нас.
 Тоа е исклучително македонска борба.
Извор: РепубликаОва мачно прашање ни се наметна за анализа по последните декласифицирани документи објавени во август годинава од Националната безбедносна агенција

Пронајдете не на следниве мрежи: