Избираме најдобра Златен Даб андроид апликација

За избраната најдобра Даб Андроид апликација, Прилепска Пиварница обезбедува покрај паричната награда од 1.500 евра, победникот да склучи договор со компанијата за префрлување на авторските права на наградената апликација, а истата ќе биде промовирана преку повеќе маркетинг канали во месеците по прогласувањето.Од денеска започнува наградниот конкурс за креирање најдобра Андроид Даб апликација наменета за паметни телефони и таблети. До 8-ми мај секој може да се обиде да ја креира својата Андроид апликација специјализирана за брендот на Златен Даб.
Идејата на Прилепска Пиварница со овој конкурс е да се поттикне создавањето на нови иновативни апликации, кои ќе имаат реална примена во модерното секојдневие. Предизвикот за програмерите е да го познаваат најдобро брендот Златен Даб и вредностите кои ги промовира, за да можат да ги истакнат во самата апликација.
„Преку овој конкурс сакаме да ги мотивираме македонските програмери да развијат креативна, функционална и оригинална мобилна платформа, која што ќе биде наградена и ќе може бесплатно да се симнува од Play Store маркетот. Цврсто веруваме дека со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања кој го поседуваат програмерите, ќе создадеме врвно, но истовремено и практично решение за современа и најмодерна Android апликација за нашиот најпрепознатлив бренд Златен Даб“, изјави Александар Чатлески, бренд менаџер во Прилепска Пиварница.
За избраната најдобра Даб Андроид апликација, Прилепска Пиварница обезбедува покрај паричната награда од 1.500 евра, победникот да склучи договор со компанијата за префрлување на авторските права на наградената апликација, а истата ќе биде промовирана преку повеќе маркетинг канали во месеците по прогласувањето.
Победничката апликација ќе биде избрана од страна на жири комисија, составена од пет членови избрани од страна на Прилепска Пиварница. Ќе се оценува според дизајнот, иновативниот пристап, како и функционалноста на самата апликација. Објавувањето на победниците ќе се изврши на 15-ти мај, 2015 година.
Сите информации за наградниот конкурс, за правилата, начините за пријавување и учество, се достапни на веб страницата на Златен Даб www.zlatendab.com.mk.Од денеска започнува наградниот конкурс за креирање најдобра Андроид Даб апликација наменета за паметни телефони и таблети. До 8-ми мај секој може

Пронајдете не на следниве мрежи: