Избор на медиумски личности кои најправилно го употребуваат македонскиот јазик

Членовите на Фејсбук-групата „Пуздер правам… од македонскиот јазик!” во декември 2014 година иницираа избор на медиумски личности што најправилно го употребуваат македонскиот јазик. Со цел да ја промовираме општествената одговорност што ја понесува оваа група, во целост ви го пренесуваме нејзиното писмо објавено по завршувањето на изборот.Во 2013, на мрежата Фејсбук беше создадена групата наречена „Пуздер правам… од македонскиот јазик!”, којашто ја одржуваат и водат македонисти и јазичари. Нејзината цел е да понуди помош за сите (во моментов преку девет илјади) членови што имаат дилеми во врска со коректната употреба на македонскиот јазик и да ја подигне свеста за јазичната култура. 
Јазикот што се користи во медиумите е често во фокусот на дискусиите во групата и тоа во негативна конотација. Од друга страна, јазикот на медиумите е еден вид модел за говорителите чиј говор и стил се гради преку процесот на имитација на медиумските лица коишто служат како јазични модели. Сепак, групата се труди не само да ги „улови“ грешките, туку и да ги промовира и да ги пофали оние медиумски личности кои го негуваат македонскиот стандарден јазик. Затоа, во декември 2014 одлучивме да спроведеме нова иницијатива со која би ги пофалиле оние медиумски личности коишто коректно го употребуваат говорниот македонски јазик и, на тој начин, претставуваат одлични говорни модели за целата македонска јавност.
Чест ни е да ве информираме дека и вашиот медиум имаше претставник/претставници во финалето во четирите категории, за коишто членовите на „Пуздер правам… од македонскиот јазик!” номинираа речиси стотина лица. Петтемина со најголема поддршка од секоја категорија влегоа во финалниот избор во кој членовите избраа тројца победници. Се надеваме и веруваме дека ова признание од членовите на „Пуздер правам… од македонскиот јазик!” ќе биде само поттик за дополнително вложување на вашите вработени и на вашиот медиум за зачувување, развивање и достојно претставување на македонскиот јазик. 
Овие лица се огледало на целокупната ваша работа и убедени сме дека ја разбирате важноста на ова нивно лично признание што, на индиректен начин, е признание и за работата и успехот на вашиот медиум. Од името на членовите на групата, им благодариме за грижата за македонскиот јазик, а вам ви порачуваме дека овој нивен личен успех е и успех за вашиот медиум. 
Победници по категории:
Водители:
1. Билјана Дебарлиева и Огнен Јанески
2. Бранка Костиќ-Марковиќ
3. Един Хајдарпашиќ
Новинари:
1. Оливера Трајковска
2. Ана Јовковска
3. Златко Калински
Презентери:
1. Татјана Стојановска
2. Александар Деловски
3. Борислав Тноковски
Актери:
1. Шенка Колозова
2. Васил Зафирчев
3. Мето Јовановски   
Искрено ваши,  Администраторите на „Пуздер правам… од македонскиот јазик!” 
https://www.facebook.com/groups/makedonskijazik/Во 2013, на мрежата Фејсбук беше создадена групата наречена „Пуздер правам… од македонскиот јазик!”, којашто ја одржуваат и водат мак

Пронајдете не на следниве мрежи: