Вечерва, во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ со почеток во 18 ч. ќе се одржи Изборот на жетварска убавица.Настанот посветен на оризовата жетварка е вовед во централните содржини на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Годинава во трката за најубава жетварка ќе учествуваат 14 девојки на возраст од 15 – 20 години. Девојката што ќе добие најмногу гласови од жирито, ќе учествува во обичајот зажнејување, што ќе се изведе на нива на Грдовски Пат, в недела на 16 октомври и ќе добие подароци од Општината и спонзорите.
Овогодишниот Избор на жетварска убавица е во режија на Сања Карова.Настанот посветен на оризовата жетварка е вовед во централните содржини на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.