Избор за најубава македонска фолк пејачка

Ќе се избира најубава фолкерка!Македонија ќе ја добија својата прва мис фолкерка. Изборот за најубава фолк-пејачка којшто го организира естрадниот сајт „Естрада Плус“ е во тек, а помеѓу номинираните пејачки се Елена Велевска, Сузана Гавазова, Сања Петкоска, Анета Наковска, Анета Мицевска, Татјана Лазаревска и други.

„На нашата фолк естрада има премногу убави пејачки коишто доста се трудат околу својот изглед и внимаваат на својот имиџ. Силиконски гради, ботокс, естетски зафати на нос, уста, надградба на коса…сето тоа го има на фолк сцената. Секако многу од фолкерките се природно убави и згодни, но со константен труд и работа на себе, тие се доведуваат до перфекција. Затоа овој избор е нешто кое што сосема оправдано го заслужиле,“- велат организаторите од „Естрада плус“.

 
Во изминативе два месеци читателите им ги даваа своите номинации за најубави фолк-пејачки, а деновиве започна и гласањето. Со цел да нема неправилности и приказн за наместена победа, секој можел да гласа само еднаш од својата ИП адреса за онаа пејачка која што му е најубава.

„Планираме изборот за Мис фолкерка да стане традиција и да се одржува секоја година. Најубавата ќе добие круна, но и многу други награди. Се надеваме дека изборот ќе ги мотивира сите од естрадата повеќе да внимаваат на својот изглед и да ги следат светските музички ѕвезди коишто ретко кога може да се видат во јавност несредени“-велат од сајтот.Македонија ќе ја добија својата прва мис фолкерка. Изборот за најубава фолк-пејачка којшто го организира естрадниот сајт „Естрада Плус“

Пронајдете не на следниве мрежи: