четврток, 12 ноември 2026
Најново

Изборен фалсификат во огромен број помали места низ државата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не стивнуваат реакциите во јавноста од можен изборен фалсификат на изборите кои се одржаа во неделата. Голем број изборни неправилности и нерегуларности беа нотирани од страна на набљудувачите и граѓанските асоцијации, а во јавноста излегуваат уше пофрапантни примери кои покажуваат дека на изборите е правен фалсификат.Во едно помало избирачко место во едно село, со 75 гласа, каде што има 40 членови на ВМРО-ДПМНЕ кои гласале за оваа партија, на записник немало ниеден евидентиран глас за ВМРО-ДПМНЕ. Такви случаи имало во огромен број на населени места низ државата, меѓу кои и во скопските населби Маџари и Припор.

На едно гласачко место во општина Струмица, сериските броеви на кочанот со гласачки ливчиња не биле последователни. ИО не ја повикале ОИК и одлучиле да продолжат со гласањето. Истата ситуација е забележана и на ГМ 1063 во општина Куманово.
На ГМ 2539/1, општина Гази Баба, во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје имало 15 гласачки ливчиња за избор совет на град Скопје, но имале иста боја како ливчињата за избор на градоначалник.
Граѓанската асоцијација МОСТ извести за поткуп пред и во просториите на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари, како и за присуство на неовластени лица пред средното училиште Никола Карев во Струмица кои ги евидентирале гласачите.
На неколку метри од ГМ 0858 во општина Кочани, имало собрано поголема маса на неовластени лица. ГМ 0445, с. Градец, општина Врапчиште, претседателот на ИО стоел зад параванот додека луѓето гласааат. Забележано е семејно гласање во гласачките места 0440, 0445 и 0447, во општина Врапчиште – вкупно 20 случаи во кои биле злоупотребени 44 гласови.
Во село Слупчане, општина Липково, УВ ламбата не се користела во периодот од 16:45 па се до затворањето на гласачкото место.Во едно помало избирачко место во едно село, со 75 гласа, каде што има 40 членови на ВМРО-ДПМНЕ кои гласале за оваа партија, на записник немало ние

Поврзани вести