Изборите на 5-ти јуни ќе бидат референдум за потврда на суверенитетот и независноста на државата кој извира од граѓаните.Граѓаните се револтирани поради досегашните деструктивни сценарија на СДСМ, нивната попустливост кон различните надворешни фактори, како и од фактот што нивната слаба позиција придонесе наместо на сопствените сили, тие да се потпираат на зборовите кажани од други. Македонските граѓани се револтирани и од сценаријата со кои партијата која цела деценија е во опозиција ја урнисува државата.
Референдум во 1991-ва година
Сувереноста и независноста на нашата земја лежат токму во граѓаните кои го донесоа и создавањето на македонската република на 8-ми септември 1991 година.
Тогаш граѓаните во огромен број референдумски се изјаснија ЗА самостојна држава поради фактот што сами одлучуваат за нејзината иднина.
„Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“
Од вкупно запишаните 1.494.626 гласачи гласаа 71,85 отсто. Од нив дури 95,32 проценти се изјаснија за формирање на самостојна и суверена држава.
Потоа Собранието го заокружи процесот за осамостојување на Македонија.
Тогашниот претседател Киро Глигоров на масовно насобраните граѓани им порача: „Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“!
Таквата одлучност извираше од способноста на народот сам да одлучува, да се радува на сите успеси како држава да се идентификува со колективните и поединечни успеси на сите претставници на Република Македонија.
Референдумско гласање во 2016-та година на 5-ти јуни
Експертите се согласни дека суштината на сувереноста е во способноста на народот сам да одлучува, а таа можност ја има на избори и во периодот меѓу изборите. Таа се пренесува до сите релевантни политички субјекти.
Во изминатиов период актуелното раководство на СДСМ демонстрираше системска фаличност и недостаток да се носи со неа. Тие преку вазалски однос ниту еднаш не ги осудија навредите кон државата искажани од Ван Хојте и наместо на избори наоѓаа начин нив да ги одбегнат преку туѓи проценки.
За нешто повеќе од три месеци пред граѓаните на Република Македонија ќе биде отворено уште едно референдумско прашање. Предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни 2016-та година ќе бидат референдум на народот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа порача дека на овој датум ќе се види референдумско гласање.
-Јас ќе им порачам: до 5-ти јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5ти јуни ќе се срамите од самиоте себе. На 5-ти јуни ќе видете кој е победникот и кој е поразениот, и сегашната вештачка насмевка, нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка, затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ, колку и да таа беше политичка одлука без аргументи, СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија. А на 5-ти јуни, ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, порача Груевски.Граѓаните се револтирани поради досегашните деструктивни сценарија на СДСМ, нивната попустливост кон различните надворешни фактори, како и од факто