Ферхат Тунц -Турција , Аслихан Татлигил -Турција и Јохана Педарниг – Германија, ги земаа првите три места на овогодинешното издание на Скопје Постер под мотото „Дизајн за мир“, чиешто отворање се случи вчера вечер во галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Наградата ќе се состои од организација на нивна изложба од страна на Плакарт за време на 8. Скопје постер фестивал, учество во жирито на наредногодишниот конкурс, како и престижен сертификат од Icograda.Еврим Актепе е награден со признанието Icograda excellence,а почесни признанија добија Занг Јичи – Кина, Марија Димитриевска – Македонија, Мари Јудина-Русија, Амадеус Фронк – Германија, Меган М. Брајкович –САД, Минлианг Ли –Кина и Хрант Петросиан –Ерменија.
Жирито, кое се состои од светски познатите дизајнерски имиња како Давор Брукета-Хрватска, Борут Вилд-Србија, Ајшеѓул Изер – Турција, Константин Танчев – Македонија и претседателката на жирито и воедно на светската дизајн асоцијација Icograda, Ива Бабаја, имаа сериозен предизвик да изберат победници од вкупно 2023 плакати од учесници од 44 земји.
Исклучително богата, креативна и иновативна програма го бележи седмото издание на Скопје постер фестивал, кој ќе трае сѐ до 20.12.2014. Организаторите- Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ и Младинскиот културен центар, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, сигурни се дека и овој пат ќе ги задоволат вкусовите на креативната фела.
Под мотото „Дизајн за мир“, Меѓународниот студентски конкурс за плакат годинава опфаќа идејни решенија на графички дизајнери од целиот свет кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност, како и детските цртежи кои земаа учество во рамките на акцијата „Цртаме за мир“.
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество, да дојдат и доколку сѐ уште не се регистрирале, можат да се регистрираат на:
https://www.eventbrite.com/e/14657726655Еврим Актепе е награден со признанието Icograda excellence,а почесни признанија добија Занг Јичи – Кина, Марија Димитриевска – Македони