Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска им доделија признанија на најдобрите спортисти, тренер и екипа на Град Скопје за 2015 година.- Овие средби со Вас спортистите ми претставуваат вистинско задоволство, особено на вакви настани на кои ги одбележуваме Вашите врвни резултати постигнати на домашни и странски натпревари. Како градоначалник можам да Ви ветам дека и во иднина финансиски ќе ги поддржуваме Вашите спортски подвизи. Градот Скопје во изминатите години ги подобри условите во средните училишта и ги реновираше спортските сали во кои вежбаат средношколците и сметам дека оваа пракса претставува добар поттик учениците да се занимаваат со спорт. Со формирање на средношколските лиги, училишниот спорт во Скопје е на многу повисоко ниво отколку во минатото, а организирањето на пријателски натпревари и гостувањата на нашите средношколци во Љубљана, Загреб, Белград, Софија, Ниш и Истанбул се можност учениците од средните училишта да се запознаат и да дружат со своите врсници од овие градови. Планираме 2016 година Градот Скопје да биде домаќин на средношколците од државите во коишто претходно гостувавме и се надевам дека и овде нашите средношколци ќе остварат добри резултати како и на гостувањата. Ви ги честитам наградите и Вам и на Вашите најблиски Ви пожелувам среќни празници – изјави градоначалникот Трајановски на доделувањето на наградите.
Денеска на свеченоста по повод прогласувањето на најуспешните во изминатата година, беа избрани 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби.
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија се:
1. Игор Стефановски – Иџе – Автомобилистички картинг клуб Проспорт
Европски шампион во автомобилизам на ридски патеки каде од 12 утврдени трки на FIA, победи на 9 трки, од кои на 8 оствари рекорди на патеките, потврдувајќи ја европската титула од 2014 година. Во Македонија е Шампион во својата класа последните 10 години
2. Мартин Несторовски – Карате клуб Металург
3 место во карате – борби +84кг на Европско Првенство за сениори во Истанбул, Турција и 3 место во карате – борби +84кг на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан
3. Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб Студент
Шампион во генерален пласман во маратонско пливање на FINA Гран При Серија и победник на “Охридски маратон 2015“
4. Ненад Манојловски – Кик боксинг клуб Шампион
1 место во “Кик Лајт“ – татами 69 кг на Светско Првенство во Белград, Србија (21.10. – 01.11.2015) и на истото прогласен за најдобар борец на татами
5. Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар
Учесник во Лигата на Шампиони и со својот клуб влезе во осумте најдобри Европски клубови, а оваа сезона 2015/2016 во Лигата на Шампионите со можност да влезе во најдобрите четири клубови во Европа и да настапи на FINAL FOUR турнирот во Келн, Германија
6. Баже Илијоски – Фудбалски клуб Работнички
Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува во четврто коло, чекор пред пласман во групната фаза, со својот клуб го освојува купот на Македонија за сезоната 2014/2015, член е на сениорската репрезентација на Македонија, најдобар стрелец оваа сезона во есенскот дел во првенството на Македонија.
7. Јасин Реџелари – Боречки клуб Лирија 2010
8 место на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан
8. Стефани Тодорова – Кик боксинг клуб Фајт Тим
3 место во “Кик Лајт“ – татами 65 кг на Светско Првенство во Белград, Србија
9. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар
Учесник со ФК Вардар оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2014/2015 година и го освојува Супер купот на Македонија за 2015 година
10. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол
7 место поединечно и 5 место екипно – борби на Европско сениорско првенство во Истанбул, Турција.
Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија се:
1. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
2 место на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија
2. Сара Ристовска – ЖРК Вардар
3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2014/2015, капитен на младинска репрезентација на Македонија и член на сениорска репрезентација на Македонија
3. Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол
3 место на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија
4. Елмедин Сејфулау – Боречки клуб Лирија 2010
5 место на Европско Првенство за кадети во Суботица,Србија и 7 место на Европско Првенство за јуниори во Истанбул, Турција
5. Бобан Илиоски – Кик боксинг клуб Шампион
2 место во “Лоу Кик“ на Европско јуниорско кадетско првенство во Сан Себастијан, Шпанија.
Најуспешен тренер за 2015 е
Мирче Јанушевски – Карате Клуб Металург
Тренер на каратистот Мартин Несторовски со кој освојува 3 место во карате – борби +84кг на Европско Првенство за сениори во Истанбул, Турција и 3 место на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан.
Најуспешна спортска екипа од Скопје е
Женски Ракометен клуб Вардар
Победник на националниот КУП и Шампион на Македонија две сезони по ред, ракометарките се учеснички на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта и два пати по ред се трети во Европа.
Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје
1. Арпад Штербик – Ракометен клуб Вардар
Еден од најдобрите светски голмани, со најмногу одбрани на сите натпревари на РК Вардар во Лигата на Шампионите, и скоро секогаш е избран од страна на EHF за во првите пет најдобри голмански одбрани. Со неговите настапи РК Вардар е заслужено меѓу најдобрите осум европски ракометни клубови.
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби
1. Марио Мицковски – Здружение „Специјална Олимпијада Македонија“
1 место на 25 метри и 2 место на 50 метри во пливање слободен стил на Светски Летни Олимписки Игри во Лос Ангелес, САД- Овие средби со Вас спортистите ми претставуваат вистинско задоволство, особено на вакви настани на кои ги одбележуваме Вашите врвни резултати пос