Атентатот врз надвојводата Франц Фердинанд од Австрија кој довел до избувнувањето на Првата светска војна се случил на 28 јуни 1914 во Сараево, во тогашна Австро-Унгарија.Надвојводата Франц Фердинанд, кој бил и престолонаследник на австро-унгарскиот трон, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отворен автомобил, и двајцата биле застрелани и убиени од Гаврило Принцип.
Политичката цел на атентатот била да се принуди Австро-Унгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на Голема Србија или Југославија.
Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како Млада Босна и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава – Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање Драгутин Димитријевиќ – Апис.
Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот.
Интересно е што со години пред атентатот, тогашен „Њујорк Тајмс“ објави текст дека е откриена подготвка за напад врз Франц Фердинанд во Софија.
Текстот е објавен на 12.02.1891 година и како што можете да забележите, како еден од заговарачите на настанот бил Македонец. Ова посебно треба да се потенцира, бидејќи европската политика во тој период сѐ уште не беше под грчко влијание за да употребува навредливиот термин „фиром“.
Токму затоа, од голема важност е споделувањето документи од ваков вид!
Надвојводата Франц Фердинанд, кој бил и престолонаследник на австро-унгарскиот трон, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отво