Издавачки центар ТРИ и на овој Саем на книгата ја продолжува традицијата на промоција на добри книги, интересни настани и промоции. Со цел да ги задоволиме различните вкусови на читателската публика, како и на различните групи читатели, од 7 до 14 април, подготвуваме многу нови наслови, гостувања, промоции, подароци и изненадувања.Исидора Бјелица е нашиот специјален гостин на годинешниот Саем. Промовирајќи ја својата нова книга Спас, која само во Србија се продаде во над 200.000 примероци, читателите ќе имаат можност да присуствуваат на неповторлива, лична и во прво лице средба со авторката на 8 април, од 18 часот. Длабоко лична исповед, оваа книга е поинаква од сè претходно – емотивна, но и со многу хумор и самоиронија, збогатена со практични совети како човек да се избори со најтешкото искушение – смртта.
Листата на најавтори ја надополнуваме со новиот роман на Елиф Шафак – најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена. Оваа турска авторка со своите дела мајсторски ја меша традицијата на Истокот и на Западот, модерното и традицијата, притоа гласно залагајќи се за женската перспектива, портретирајќи силни женски ликови. Чест, нејзиниот најнов роман, е моќно дело за љубовта, предавството, честа и судирот на културите. Ален де Ботон, со своето хумористично, игриво, забавно, на моменти филозофско четиво Огледи за љубовта, за првпат ќе ѝ биде претставен на македонската публика. Романот, кој според Ентони Борден е убедливо најдобриот роман за кулинарскиот свет на сите времиња, Патување во 100 чекори на Ричард С. Морејс, ќе ги одведе читателите на интересно, неодоливо гастрономско патување преку Мумбај до кулинарската елита во Париз. Веќе докажаниот Франсеск Миралјес го претставуваме со неговиот роман Најубавото место на светот е тука, во кое, како и во неговите претходни дела, ни нуди инспиративна, романтична и мотивирачка приказна.
Домашната библиотека читателите ќе можат да ја збогатат со нови наслови од областа на здравјето и здравото живеење, од кои ја издвојуваме Вистини и лаги за исхраната од Анита Шупе, како ултимативен водич низ тајните и митовите за современата исхрана. Краток водич за долг живот од Дејвид Б. Агус и Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат од Џин Стон се само уште некои од насловите што ги препорачуваме.
Бизнис литературата е уште еден сегмент во кој нудиме неколку нови одлични наслови – Мисли и збогати се од Наполеон Хил, ултимативна книга за бизнис успех, антологискиот прирачник за стратегии и тактики Умешноста на војувањето од Сун Цу иисклучително корисната Моќта на позитивното мислење во бизнисот од Скот Вентрела.
Нашите најдобри, македонските автори и оваа година ќе бидат присутни на штандот на ТРИ. Младата книжевна сензација Марија Јаневска, која со својот првенец Белешките на Лајла Грејс ја размрда домашната книжевна сцена, ќе биде наша гостинка, како и македонскиот ИТ вундеркинг, Марко Чаласан, кој ќе ја промовира својата книга Прирачник за Windows 8 на 10 април, од 18 часот.
Со над 400 објавени наслови, од сите жанрови и стилови, секоја од едициите на ТРИ ќе биде достапна по саемски цени, на тој начин овозможувајќи им на сите читатели да си ја состават својата домашна библиотека од соништата.
Во знакот на добрата книга, оваа година организираме Книжевни избори – преку гласање за избор на најдобрата книжевна опција, читателите ќе имаат можност да го дадат својот глас за насловите и авторите кои најмногу ги задоволуваат нивните книжевни вкусови. За да го направиме овој избор атрактивен и навистина добитен, читателите ќе имаат можност да учествуваат во наградна игра и да бидат среќни добитници на домашна библиотека од соништата и на многу вредни ваучери.
Веруваме дека со богатата понуда, акцентот на добри автори и уште подобри книги, како и нашата посветеност да пружиме целосно читателско искуство, штандот на ТРИ на овој Саем на книгата ќе биде место кое не смее да се заобиколи. Во исчекување на исполнети и интересни саемски денови,
Нејзините бестселери можете да ги погледнете ТУКА Исидора Бјелица е нашиот специјален гостин на годинешниот Саем. Промовирајќи ја својата нова книга Спас, која с