ИЗГЛЕДА ОД СЀ МУ Е ДОСТА: Кој и да биде претседател на Русија во 2019 година…

„Кој и да биде претседател на Русија во 2019 година, ќе присуствува на Светскиот шампионат во вештини“, се зборовите со кои шефот на руската држава денес ги изненади Русите, но и остатокот од светот.Путин ја дал таквата изјава по повод давањето поддршка на организаторот на ова натпреварување закажано за 2019 година, за кое се натпреварува и рускиот град Казањ.
Меѓутоа, неговите зборови звучеле многу посилно, бидејќи наликувало како да сугерира дека некој друг би можел да стане шеф на Кремљ.
„Настанот за кој што зборуваме е закажан за 2019 година, а претседателските избори во Русија се закажани за 2018 година. Но, уверен сум дека, кој и да биде тогаш на чело на државата, ќе му биде задоволство да учествува во овие случувања“, им рекол Путин на претставниците на ова натпреварување кои изразиле надеж дека рускиот претседател лично ќе се појави во Казањ во 2019 година.
Путин повеќепати бил запрашан какви му се плановите по претседателските избори во 2018 година, но неговите одговори секогаш биле двосмислени.
Според најновите истражувања на јавното мислење, кои биле спроведени од центарот Левада, дури 85% од Русите се задоволни од работата на Путин, наспроти незадоволните 14%.
Дури и изборите утре да се одржат, 74% од граѓаните би гласале токму за Путин, пренесе „Раша тудеј“.

Putin admits another person might take his place after 2018 election https://t.co/BLGrR1DWox pic.twitter.com/RAUUTCLVYW
— RT (@RT_com) March 25, 2015
Путин ја дал таквата изјава по повод давањето поддршка на организаторот на ова натпреварување закажано за 2019 година, за кое се натпреварува и рус

Пронајдете не на следниве мрежи: