Претседателот на кошаркарската федерација на Русија, Андреј Кириленко се соочи со трагедија, откако во големиот шумски пожар во Калифорнија му изгоре семејната куќа.Поранешниот НБА ас за американските медиуми изјави дека едноставно го видел „пеколот на земјата“ и дека е среќен што никој не е повреден.
– Беше навистина лудо. Среќа што бев дома и се разбудив околу 5.30 часот и видов дека цела планина во близина на мојата куќа е во пламен. Едноставно го видов „пеколот на земјата“, изгледаше како да е крај на светот, изјави Кириленко.
Во продолжение тој вели дека не верувал дека пожарот ќе ја зафати и неговата куќа, но како одминувало времето и станувало се подраматично, морале да се евакуираат.
– На почетокот мислев дека оганот нема да ја зафати нашата куќа. Но, по евакуацијата на телевизија видов како нашата куќа целосно изгоре. Од куќата ги зедовме само нашите најважни работи, неколку часа поминавме во хотел, по што отидовме кај еден наш пријател, заврши Кириленко.
Кириленко во НБА лигата мина 16 сезони, а кариерата ја заврши во 2015 година во дресот на ЦСКА Моксва.Поранешниот НБА ас за американските медиуми изјави дека едноставно го видел „пеколот на земјата“ и дека е среќен што никој не е повреде