Изгоре семејна куќа во пожар во Охрид

Приземна семејна куќа изгоре во пожар што попладнево избувна на улицата „Даме Груев“ во охридската населба Карабегомала.
 Нема повредени во пожарот, а лицата што биле внатре веднаш по избувнувањето на пламенот навреме го напуштиле објектот.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот се случил околу 14:30 часот. Пламанот прво ја зафатил кровната конструкција на објектот, по што брзо ја зафатил целата куќа.
Веднаш било интервенирано со четири противпожарни возила, така што пламенот бил локализиран за 15-тина минути и билo спречено негово проширување кон околните објекти, исто така станбени куќи.
Околностите и текот на самиот пожар укажуваат дека причина за неговото избувнување  е неисчистен оџак. Нема повредени во пожарот, а лицата што биле внатре веднаш по избувнувањето на пламенот навреме го напуштиле објектот.
Според информациите

Пронајдете не на следниве мрежи: