ИЗГОРЕНИ ОД НАРОДОТ

Постои каста на луѓе, мала каста што го живее сопствениот хедонизам како бајка во нашата  мила Македонија. Познати се под многу имиња зошто често, за да одржат тензија помеѓу своите обожаватели, се ребрендираат и преименуваат.Тоа е каста на луѓе која нема или има минимален допир со обичните смртници. Тоа се се од ред ситуирани луѓе, „домаќини“ кои одат на два зимски и два летни одмори минимум, кои не пропуштаат споен викенд за посета на странска дестинација ( што подалечна подобро за статусот во кастата ), кои имаат по 2-3 автомобили, 2-3 станови во Скопје.
Големи „љубители“ се на уметноста па затоа собираат антиквитети и уметнички дела на кои може да им порасне цената. Имаат и систем на вредности кој е многу еластичен кој им овозможува се што тие прават да се припише на нов тренд, на интелект и сходно на тоа се големи шизици и популарни во сопствените затворени кругови. Тие се најпаметни, најубави и родени ЛИДЕРИ.  Такви се уште од фетусната фаза, па така уште по првото цицање од мајчината цицка ( или соодветен апарат во согласност со трендот и околностите ), за нив се бара раководна функција на која ќе можат да го остварат својот наследен потенцијал.
И  тука настанува зврчката. За да си Лидер, за да се реализираш како таков, ти требаат луѓе за да им „лидеруваш“ да ги водиш, да им ја покажеш својата моќ и со тоа го затвориш јинг/ јангот кој ти бил шепнат на уво на третата ноќ на овој свет.  Ти треба НАРОД. Да, да, НАРОД. Истиот оној кој го нарекуваш ГЛУПАВ во своите колумни, истиот народ кој го нарекуваш продаден, беден. Истиот НАРОД на кој му посакуваш да му се случи Куманово, да му умре цел глупав пород, на кој му посакуваш да умре во мизерија копајќи по контејнери. Истиот НАРОД кој си го ограбил повеќпати, на кој му ТАТ-ни во ушите при самото споменување на твоето име. Истиот НАРОД кој те храни, двои од себе за ти да си професор,доктор, глумец, режисер….. Тој НАРОД и треба на кастата за да направи full circle и се реализира себеси преку моќта на функцијата. Таа „Стока“ која ја газат, токму тие „овци што некој ги ставил во трло“ им се неопходни за потполна реализација на „наследениот“ од тато, мама, баба, дедо, „капацитет“. Попусто им се и автомобили и Спа третмани, и VIP ложи, и станови и антиквитети кога го немаат она што им следува од раѓање, власт и МОЌ над „овците“, а НАРОДОТ пуст, не им ја дава. НАРОДОТ памети минато и си ја ткае сопствената иднина далеку од скапите ресорти, далеку од елитните кафулиња и ресторани, далеку од  фотосесиите и катадневните интервјуа и „серење“ интелект по спонзорирани портали и медиуми. НАРОДОТ ги гледа и перцепира само кога ќе решат да кренат некоја „револуција“. Тогаш ни се внесени во фаца, излегуваат од секој агол и те учат дека ти си глупав – но има спас за тебе, приклучи се кон „револуцијата“ и стај не на власт, дај ни моќ за да бар на кратко не те навредуваме. Парите секако ќе ти ги земат. Не знаат тие дека НАРОДОТ има живот. Не толку богат како нивниот, но вистински. НАРОДОТ за во кафана бара интересно друштво и евтина а добра скара, не партиски истомисленици кај партиски тајкун седнати. НАРОДОТ е широк, се сака се кара и си простува. НАРОДОТ комуницира, оди на работа, се секира од кредити и нервира од сметки. НАРОДОТ место на колбас на Алпите јаде сендвич и заедно се качува на Водно. НАРОДОТ вози точак зошто сака, не затоа што е кул. НАРОДОТ своите деца ги пази од опасности и не ги влечка по митинзи и протести. НАРОДОТ е домаќин и сака градење и чистота а не вандализам и анархија. Добро знае и гледа се НАРОДОТ. И им се смее од пред ТВ екраните и мониторите, кога оваа шарена каста триумфалистички ќе почне да извикува пароли од типот „НАРОДОТ дојде“ , „НАРОДОТ порачува“, „НАРОДОТ бара“ и ги гледаш 800- 1000 души. Смешно и јадно. Плод на една себепроекција, на една фрустрација од немоќ и политичка импотенција. Верувам дека за ова време колку што се во тој шамански круг истите 100-150 фаци, верувам и дека веќе меѓусебно си се убедиле дека ТИЕ се народот. Затоа се таму каде што се.  Со боја како замена за недостаток на политички ејакулат. Со шарена слаба сперма го полеваат наше Скопје. Тие. Шарените. Избраните. И се чудат што не фаќа. Се чудат што и пари не помагаат, ни пропаганда ни фаталистички сценарија. Нема моќ со професори што повикуваат на жртви ни со „актерки“ кои сакаат молотови коктели врз владата додека тие пијат алкохолни хотели во најблиското кафуле на безбедна далечина, и со драматурзи кои повикуваат на бесење неистомисленици. Жал ми е само за децата, за младите кои се нафурани дека прават нешто добро за Македонија. Дека се борат против режим. 2000 денари на ден, на секого добро би му дошле а тие се по слатки ако ги печалиш за „повисока цел“. Крајната порака е до нив.
Драги деца. Драги синови и ќерки на Македонија. Кога ќе дојдете дома, седнете, 10 минути затворете ги очите и размислете. Да се боревте против режим, дали ќе бевте дома? Да имаше диктатор, кај ќе бевте секој ден во 18.00. Да беше разубавување она што ви велат дека го правите, зошто ни еден факинг град сем Скопје не се разубавува така? Размислете дали собранието го направил Грујо во 1965? Дали и од тие пари нероден украл? Завртете се околу себе на протест. Нели се секој ден истите луѓе? Немаат ли „уплашените“ шамија дома, да го покријат како вас лицето и реки луѓе да ви се придружат. Размислете зошто бесилка за некој кој не мисли како вас?  Зошто линч? Кога ќе си ги одговорите овие прашања, голем дел од вас ќе разберат зошто се таму, а тоа не е за подобра иднина, ни ваша ни на Македонија. А нашата мајчица Македонија е древна, мудра и простува. И вас ќе ви прости. И вас ќе ве прими. Кога НАРОДОТ следен пат ќе ги изгори повторно оние кои ве тераат да поганите и плукате по неа.
Македонија видела и полошо. И ова ќе помине. Помисли ти со каков образ ќе излезеш од сета оваа платеничка пизма….
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Пишува: Алекс Ванко 
Филозоф, писател, аналитичар Тоа е каста на луѓе која нема и

Пронајдете не на следниве мрежи: