Во општина Чешиново-Облешево во тек се градежни активности за Изградба на потпорен ѕид покрај локалниот пат (во нас. место Соколарци, кај селскиот дол ) .Оштетувањата на овој ѕид беа предизвикани како последица на обилните дождови и водотеци кои се случија во периодот од 12-14.03.2016 год., на територијата на општина Чешиново-Облешево кои предизвикаа оштетувања на локалниот пат во с.Соколарци и одрон на самото земјиште, Поради тоа неопходно беше да се изврши итна санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на патот кое предизвикуваше загрозено и небезбедно движење на луѓето.
Костадин Личков: Како резултат од минатите поплавите и неколкуте обилни врнежи кои ја зафатија општина Чешиново-Облешево во изминатиот период направени се повеќе оштетувања на инфраструктурата во повеќе населени места од општината, нивната санација не сме во можност да ја санираме веднаш но тоа го правиме етапно.Го саниравме потпорниот ѕид на улица „1мај“ во близина на школото во с.Спанчево а сега продолжуваме со изградба и санација на оштетувањата кои беа предизвикани во с.Соколарци.
Изградбата на овој потпорен ѕид е со должина од околу 50метри и широчина од 27см. Средставата за изградба се обезбедени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево во вредност од 350.000,00 денари. Фирма изведувач на градежните активности е „Примаградба“ ДОО Штип.
Оштетувањата на овој ѕид беа предизвикани како последица на обилните дождови и водотеци кои се случија во периодот од 12-14.03.2016 год.,