На Ул. „Илија Полутешки“ во населбата Варош – Поткули, повеќе од пола век беше небезбедна за движење и одвивање на сообрајќајот, кој стануваше погуст од година во година, со проширувањето на населбата се зголемуваше и бројот на изградените индивидуални куќи.Жителите од оваа маало често се плашеа од свлечилиштето и одронувањата на дел од улицата, бидејќи можело да бидат фатални, не само за возачите и пешаците кои поминувале секојдневно, туку и за жителите од околните куќи. Потпорниот ѕид на ул.„Илија Полутешки“ бил неопходен. Затоа со заедничка иницијатива овие луѓе се обратија до локалната власт во Прилеп и успаа овој нивни децениски проблем да биде решен.
– Сега, со израдбата на потпорниот ѕид улицата е безбедна и чека само тампонирање и асфалтирање – велат тие.
-Потпорниот ѕид е изграден по барање на жителите од оваа улица, која го поврзува Варош со населбата „Поткули“, и веќе станува фрекфентен крак, за поблиска дестинација помеѓу двете населби. Наскоро оваа улица, која сега е безбедна за сообрајќај ќе биде тампонирана и ќе добие асфалт – истакна градоначалникот ,Марјан Ристески .
Потпорниот ѕид на ул.„Илија Полутешки“ е изграден со средства од буџетот на локалната самоуправа, за што се издвоени 250 илјади денари.Жителите од оваа маало често се плашеа од свлечилиштето и одронувањата на дел од улицата, бидејќи можело да бидат фатални, не само за возачите и пе