Изградба на Пропуст на регионалниот пат R2342 на влезот кај село Соколарци

Изградба на Пропуст  на регионалниот пат  R2342 на влезот кај село СоколарциВо општина Чешиново-Облешево  денес започнати се подготвителните активности за изградбата  на  Пропуст (мост)  на регионалниот пат  R2342 на влезот кај село Соколарци во близина на Млечната индустрија „Осогово Милк“.
Изградбата на овој мост е дел од  програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите финансирана од Европска унија и спроведена од страна на УНДП. Фирма изведувач која ќе ги врши работите е  „ Жигол“ Струмица.
„Изградбата на овој мост е од особено значење за жителите на с.Соколарци како и за околните населени места од нашата општината. Со изградба на овој мост ќе се реши еден долгогодишен проблем на жителите од ова населено место,бидејќи и при најмали врнежи овој пропуст немаше капацитет за да ја апсорбира надојдената вода и доаѓаше до негово излевање кое го отежнуваше движењето на сообраќајот  по него.“ изјави градоначалникот на општина Чешиново-Облешево , Костадин Личков.Во општина Чешиново-Облешево  денес започнати се подготвителните активн

Пронајдете не на следниве мрежи: