Градежно-изведбените работи за изградба на новиот блок на Детската Градинка ,,11 Септември” во Ресен се одвиваат со несмалено темпо.По завршувањето на фазата-карабина,деновиве екипи на фирмата изведувач ,,Тане 2017” од Охрид ги интезивираа работите на поставување градежна столарија на објектот,фасадирање и изведба на градежно-занатски работи во внатрешноста на објектот.Увид во текот на изведбените работи на новиот блок на Детската градинка изврши Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски ,изразувајќи задоволство од динамиката со која се одвиваат работите:,,Со задоволство можам да констатирам дека градбата на новиот блок на ЈОУДГ ,,11 Септември”-Ресен по завршувањето на фазата карабина,се одвиваат со несмалено темпо.Во моментов се работи на поставување на подните површини,изградбата на санитарните јазли,како и приклучоци за електро и водоводната канализација”-истакна Градоначалникот,нагласувајќи дека темпото со кое се одвиваат работите дава надеж дека предвидените рокови за довршување на објектот би се исполниле.По завршувањето на фазата-карабина,деновиве екипи на фирмата изведувач ,,Тане 2017” од Охрид ги интезивираа работите на поставување градежна
Пронајдете не на следниве мрежи: