Заврши реализацијата на проектот за изградба на повеќенаменско игралиште во селото Логоварди. Со неговата изградба се создаваат подобри услови за спорт и рекреација на децата и младите од ова место:„Минатата година при изготвување на програмите за уредување на градежно земјиште и подготовка на буџетот за 2016 година, мештаните од село Логоварди доставија приоритети за реализација од нивното село. Меѓу тие приоритети, приоритет број 1 беше потребата од изградба на едно повеќенаменско игралиште. Општина Битола го разгледа нивното барање, предвиде средства во буџетот и пристапи кон подготовка на проектна документација. Вредноста на проектот изнесува 1 605 000 денари. Со тоа исполнето е уште едно од барањата на жителите на ова село“, изјави Маријана Спасевска, раководител на одделение за комунални дејности.
Мештаните изразија големо задоволство од реализацијата на овој проект и големата соработка која во изминатиот период ја имаат со градоначалникот и локалната самоуправа.„Минатата година при изготвување на програмите за уредување на градежно земјиште и подготовка на буџетот за 2016 година, мештаните од село Ло