Изградил куќа за 180 евра: Генијалната идеја на овој човек го освои светот!

„Сакав да докажам дека куќите не мораат да бидат скапи. Живееме во општество во кое ги поминуваме животите плаќајќи хипотеки“, вели Мајкл.Изградба на куќа во селото Дедингтон во Англија, човекот по име Мајкл Бак го чинеше само 180 евра!
Имено, тој при изградбата користел само природни материјали, а и животот во неа е потполно природен – во куќата нема струја, гас или вода, па и месечните сметки се многу ниски.
На Мајкл му беа потребни 8 месеци за да ја изгради оваа куќа, а при изградбата на ѕидовите мешал песок, слама и дрво.
Површината на неговата куќа изнесува нешто повеќе од 30 квадрати, а како прозорци Бак искористил стакла од шофершајбни на стари камиони.
Многумина мислат дека е ладно во куќата, но мешавината на материјали кои ги користел Бак, всушност е одлична изолација која дополнително е зајакната со овча волна на покривот.
Куќата одвнатре се грее со печка на дрва, осветлена е со свеќи и фенери, додека тоалетот е одделен од главната градба.
Тој планирал да ја изгради куќата не трошејќи ниту едно евро, но сепак згрешил во пресметките и на крајот морал да купи уште малку сено и дополнителни алати.
Бак ја издал куќата на потстанар, којшто му плаќа кирија со свежо млеко.Изградба на куќа во селото Дедингтон во Англија, човекот по име Мајкл Бак го чинеше само 180 евра!
Имено, тој при

Пронајдете не на следниве мрежи: