Изгубил 184кг во рок од 17 месеци, сега има потполно нов живот!

Роб Гилет (27) познат како „човечка крофна“ со помош на нискокалорична диета успеал да изгуби неверојатни 184 килограми во рок од 17 месеци. Потполно го променив својот живот
Докторите биле доста загрижени поради неговата здравствена состојба, но тој сепак успеал потполно да го промени својот живот губејќи 70 одсто од својата тежина. Сега тежи 76 килограми.
„Одлуката да одлабнам не беше ни малку лесна. Ни јас самиот не верував дека ќе успеам да ја симнам толку килограми. Сега имам потполно нов живот. Редовно трчам, се занимавам со пешачење и имам сопствен тренер.“- кажува Роб.

На ден внесувал и до 7000 калории
Во своите најдебели денови, одлучил да проба да ги симне килограмите со помош на едно телевизиско шпу, но после бројните лоши наслови на насловните страни се почуствувал многу понижено.
„Знаев дека самиот сум виновен и дека јас сум тој што ја става храната во уста, но проблемот беше многу посложен. Јадев само за да ја притиснам болката. Во емисијата се здебелив уште плус 25 килограми.“
Проблеми со тежината имал и како дете, а до 20 години на ден внесувал дури и по 7000 калории.
„Да не јадев толку сигурно ке почнев да пијам или да се дрогирам.“

На 17 години доживеал мозочен удар, а не бил способен ни да вози бидејќи стомакот му го „блокирал патот до воланот“.
После неуспешниот обид на телевизијата, се пријавил за програмот „Lighter Life“ и овој пат успеал да ја постигне својата цел.
Го прифатив новиот начин на живот и исхрана и се посветив на решавање на моите емоционални проблеми. Повеќе не сум истата личност и се чувстувам феноменално. Секое утро сум веќе во 5 часот во теретана и обожавам да вежбам. Луѓето често мислат дека сум бил на некаква операција но јас сум многу горд на тоа што сепак успеав сам! Предизвиците со кои се соочив ме направија уште похрабар и посилен!“- кажува Роб.
Потполно го променив својот живот
Докторите биле доста загрижени поради неговата здравствена состојба, но тој сепак успеал

Пронајдете не на следниве мрежи: