Изјава на заробениот пилот: „Знам дека ќе ме убијат“

Заробениот јордански пилот, кој минатата година падна во рацете на екстремистите на ИСИС, изјави дека знае дека наскоро ќе биде убиен.Во разговорот за магазинот на исламистите „Дабик“, кој се објавува на англиски јазик, под наслов „Заробување на христијански пилот“, Муат ал Касесбех вели дека неговиот авион „Ф-16“ бил погоден со проектил наведуван со топлина.
– Го чув и почувствував ударот. Вториот пилот во мисијата ме контактираше од соседниот авион и ми рече дека сум погоден и дека од надворешниот дел навлегува оган – изјави пилотот.
На прашањето дали знае што ќе направи ИСИС со него, тој одговорил: „Да знам… ќе ме убијат…“.
Јордан не сакаше да го коментира интервјуто. Пилотот доаѓа од угледно јорданско семејство и е прв пилот од коалициските сили што е заробен во операциите.
Тој им открил на џихадистите дека Јорданците полетуваат од јорданските бази додека „крстоносците“, односно Американците и Французите полетуваат од базите Принц Хасан и Мувафак ал Салти, но и од Турција. Мисиите, пак, се планирале во американските бази во Катар.Во разговорот за магазинот на исламистите „Дабик“, кој се објавува на англиски јазик, под наслов „Заробување на христијански пило

Пронајдете не на следниве мрежи: